Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

    Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

    10.03.2026 во 13:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.

    Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд.                           

    Царинската управа ги поддржува ваквите иницијативи кои претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација и модернизација на институциите, со што се овозможува поефикасна и посигурна комуникација меѓу институциите, побрза размена на информации истовремено намалувајќи ги трошоци за поштенските услуги за достава.

    Новиот систем  овозможува креирање електронски досиеја за предметите, како и електронско доставување на документите, што значително ќе го забрза постапувањето и ќе придонесе за намалување на користењето хартиена документација.

    Директорот на Царинската управа Бобан Николовски и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини изразија задоволство од потпишувањето на Меморандумот, нагласувајќи дека со неговата имплементација ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста и ажурноста во постапките пред Управниот суд. Двете страни се согласија дека со оваа соработка се унапредува институционалната координација и се создаваат услови за поефикасно функционирање на управно-судските постапки.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.