Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије

    Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије

    10.03.2026 во 12:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Големиот христијански празник Велигден, кој вообичаено се одбележува во период на најубавите пролетни денови, може да се искористи и за инспиративна туристичка тура. Турција е интересна дестинација за такво патување, а причините не треба да се бараат само во живописните зелени пејзажи, туку и во богатото културно и историско наследство кое датира од раното христијанство, што длабоко се вкоренило во некои нејзини региони, на пример во градот Изник во Бурса, во Кападокија, но и во други места.

    Наведен на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО, Изник беше посетен од папата Лав XIV на неговото прво патување во странство минатиот ноември. Некогаш сметан за свет град, Изник ​​беше домаќин на два од најважните екуменски собори признати од сите христијански цркви. Лоциран на околу 150 километри од Истанбул, Изник ​​е особено шармантен напролет. Посетителите можат да ја видат џамијата Света Софија, за која се верува дека е домаќин на 7-миот Екуменски собор, да се шетаат по античките градски ѕидини, или да ги посетат Римскиот театар и единствената гробница со ликот на „Добриот Пастир Исус“. Ова се надополнува и со пловење со кану на езерото, прошетки во природа, велосипедски тури, како и дегустација на свежо уловена езерска риба. Како еден од водечките центри за производство на плочки во Отоманската империја, од Изник можат да се набават и извонредни традиционални плочки.

    Вредни за посета се и Седумте цркви на Откровението, сместени низ денешен Измир, Маниса и Денизли, кои ги примиле писмата на Свети Јован, секое со посебна порака. Најдобар начин да се истражат остатоците од овие свети места на Велигден е да се изнајми автомобил и да се патува низ богатите природни предели полни со духовно наследство. Во Ефес, во Куќата на Дева Марија може да се присуствува и на велигденска миса, а во Урла не треба да се пропуштат рестораните со Мишелин ѕвездички.

    Кападокија, пак, позната по самовилските оџаци и возењето со балони на топол воздух, содржи едно од најзначајните поглавја на христијанството. Регионот станал засолниште за раните христијани кои избегале од римското прогонство. Во неговите подземни градови монасите издлабиле манастири, ги украсиле нивните ѕидови со живописни фрески, и таму во тајност ја практикувале својата вера. Понатаму, под водство на Свети Василиј Велики, првите цркви биле изградени во долината Ѓореме. Такви се Токали и Каранлик лоцирани во Музејот на отворено, кој е наведен на списокот на светско наследство на УНЕСКО, а се познати по своите грациозни лакови. Кападокија се гордее и со вековната традиција на производство на вино, што датира од времето на првите христијански монаси.

    За посета се препорачува и јужна Анадолија, каде што Свети Павле, еден од најважните апостоли на христијанството, поминал голем дел од својот живот. Патеката Свети Павле ги следи неговите мисионерски патувања низ Мала Азија, истакнувајќи ги клучните градови и региони каде што го ширел христијанството. Во Демре во Анталија пак, се наоѓа Црквата на Свети Никола, познат во целиот свет како Дедо Мраз, каде се наоѓа и неговиот гроб.

    Прочитај повеќе

    Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин

    23.09.2026 во 20:18

    Во Ормуска Теснина погоден товарен брод

    23.09.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.