Author: Author 04

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од1.10.2024 (среда) започнува зимно сметање на работното време на јавните површининаменети за паркирање- зонско со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје. Работнотовреме во зоните А, Б, Ц ќе биде:

Повеќе

Владата на Данска иницира во вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечката безбедносна опасност. Одлуката е донесена по нарушувањето на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала. Данскиот воздушен простор две вечери (петокот и саботата ноќта) по ред беше нарушен од неидентификувани дронови. Претходно, на 22 септември неидентификувани беспилотни летала беа забележани над цивилни аеродроми во Копенхаген и Осло.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, д-р Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура. – Клиниката за уво, нос и грло е зајакната со нови електрохируршки инструменти, односно електрокаутери, со коишто се овозможува попрецизна, поефикасна и побезбедна дисекција на ткива и придонесува кон побрзо закрепнување кај пациентите. Ова е значајно за клиниката имајќи предвид дека тука се вршат над 2000 интервенции на годишно ниво. Нашата…

Повеќе

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство за транспорт ќе дадеме силна поддршка во реализација на капиталните проекти за Скопје, градскиот воз, новите еколошки автобуси и инфраструктура, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. ,,На Скопје му треба силна трансформација, новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Минстерството за транспорт. Сакам да најавам за градскиот воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Во однос на првата делница, избран е изведувач и потпишан е договор за делницата…

Повеќе

Вчера во 12:51 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека во 10:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер З.Н.(38). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено на 06.09.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.

Повеќе

Граѓаните сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со лажна кампања и празни ветувања, ниту платите се покачија, ниту животот им е подобрен, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Граѓаните сфаќаат дека ВМРО ДПМНЕ дојдоа на власт со лага и празни ветувања. Имаме катастрофална состојба во економијата. Имаме трет месец поред намалување на платите во државата. Ова не се случило во времето на владеење на СДСМ“, рече Филипче. Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ иако има механизми не искористи ниту еден за да се стави под контрола покачувањето на цените,…

Повеќе

Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на претстојните Локални избори, потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што е договорено во јуни годинава. -Во јуни имавме средба со вицепремиерот и министер за…

Повеќе

Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. „Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче. Во изјавата…

Повеќе