Author: Author 04

Во современ Центар нема место за поделби – има место за луѓе. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, истакна дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар, се наведува во соопштнеито од ЗНАМ. „Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите – без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието,“ изјави…

Повеќе

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ. „Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните. До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните? Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција. За…

Повеќе

Кандидатот за градоначалнк и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со идните советници поделени во тимови, синоќа беа на терен „од врата до врата“ во Дебар маало и околу Градскиот парк. Тие посетија повеќе од 200 домаќинства кадешто разговараа за сработеното во изминатите четири години, но и за проектите што се предвидени да се реализираат во новиот мандат. Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот мандат Општината покажала дека може да функционира чесно, отчетно и транспарентно. „Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување…

Повеќе

Три градинки и едно училиште заработиле казни во рамки на серијата инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство ги спровела од почетокот на учебната година. Според објавените информации, контролирани биле кујните на 91 градинка и 23 училишта при што утврдено било дека кај 9 градинки хигиената не била на задоволително ниво а во една од нив персоналот немал соодветен лекарски преглед. Кај училиштата, проблеми, главно со хигиената биле констатирани во 5 кујни при што едно училиште било казнето а донесени биле и 5 решенија за отстранување на проблемите. Како што информираат од Агенцијата, во овие инспекциски контроли биле уништени…

Повеќе

Спасувачите синоќа евакуираа сите останати лица кои беа блокирани во близина на источната страна на врвот Еверест во Тибет, меѓу кои и стотици локални водичи и пастири на јакови, со што заврши една од најголемите спасувачки операции во регионот. Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма, откако невообичаено силна бура го прекри регионот со обилни снежни врнежи. Во саботата цел ден паѓал снег во долината која се наоѓа на просечна надморска височина од 4.200 метри. Во неделата спасувачите евакуирале околу 350 лица на безбедно место. Вкупно 580 туристи, заедно со повеќе од…

Повеќе

Вчера во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.М.(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 09.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на село Горни Полог,  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ во кое се превезувале четири лица и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, во кое бил само возачот. Сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани, по што Б.Д.(33), Х.М., Д.З. и И.М. се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза”, а И.М. била пренесена во приватна болница во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани…

Повеќе

Синоќа во Горњи Вакуф се случила пукотница, во која биле повредени неколку лица, вклучувајќи и еден полицаец. Како што објави Кликс, инцидентот се случил околу 22:00 часот, а полицаецот во тој момент бил на должност. Во полицијата во Горњи Вакуф е пријавен инцидент на семејно насилство, а кога пристигнале на местото на настанот, ситуацијата се искомплицирала. Напаѓачот отворил оган, повредувајќи го полицаецот и неговиот син. Потоа се застрелал себеси. Според првичните информации, сите преживеале, но состојбата на повредените засега е непозната.

Повеќе

Денеска и утре во Белфаст ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, на кој ќе учествува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст на процесот на проширување на Европската унија. На состанокот ќе учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите–членки на Европската унија вклучени во Берлинскиот процес. На маргините од настанот, министерот Муцунски ќе оствари и повеќе билатерални средби.

Повеќе

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик. МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно…

Повеќе