Author: Author 04

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина, синоќа, во Валандово ги повика граѓаните, да дадат глас за Перо Костадинов, бидејќи тоа е глас за продолжување на развојот, за секое маало и за цело Валандово. „Овде луѓето ја знаат тежината на дадениот збор, ја знаат вредноста на чесната и посветена работа. Тоа се одлики и на нашиот Перо и затоа верувам, убеден сум, дека со вашиот глас ќе го продолжиме започнатото и нема да дозволиме Валандово да се врати назад”, порача д-р Филипче. Тој ја истакна неговата поддршка за актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Перо Костадинов, и…

Повеќе

Без струја денеска ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. – На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (Општина Центар“); во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица „Божидар Рајковиќ“ (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. „Горноврановска“ (општина Аеродром) и во периодот од 08.10 до 12.00…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени. Според прогнозата на УХМР, од четврток времето…

Повеќе

Музичката легенда Халид Бешлиќ почина денес, 7 октомври, на 71-годишна возраст по кратка и тешка болест.За време на својот живот, или поточно пред 16 години, Халид доживеа сериозна сообраќајна несреќа во која го изгуби едното око. Точно 10 години по тешката несреќа, Халид мораше да се оперира и на другото око. Потоа Халид откри дека има проблем со катаракта на левото око, која станала многу сериозна, бидејќи постоела можност целосно да ослепи. Бешлиќ, исто така, се присети на десетгодишнината од несреќата во која речиси загина и нагласува дека животот треба да се слави, бидејќи никогаш не знаете што ве чека…

Повеќе

Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина на 71-годишна возраст, што беше објавено денес во јавноста. Како што неодамна потврди неговиот менаџер, пејачот имал заболување на црниот дроб. Халид Бешлиќ веќе некое време беше во KCUS поради здравствени проблеми кои, за жал, не можеше да ги надмине. Пејачот Халид Муслимовиќ пред неколку дена зборуваше за својот пријател и колега Халид Бешлиќ, но и за неговата сопруга, која исто така се бори со своето здравје. За жал, Халид Бешлиќ денес нè напушти, оставајќи зад себе безвременски хитови како што се „Први полљубац“, „Врачам се мајци у Босну“, „И зенешем том љепотом“, „Црна…

Повеќе

Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. „Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, соопштија од обвинителството.

Повеќе

Непознати напаѓачи попладнево пукале во носителот на советничката листа во Општина Липково Зекирија Шахини. Според информациите, тој е застрелан во престрелка пред зградата на општина Куманово. Според очевидци, напаѓачите избегале од местото, пренесува Кумановски муабети. Шахини е пренесен на скопските Клиники и, според првичните информации, е надвор од животна опасност. Ранет е во ногата. Инаку Шахини е доктор пулмолог. „Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој…

Повеќе

Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Германска градоначалничка се бори за живот откако била избодена пред нејзиниот дом „од повеќе мажи“, објави „Дејли меил“. 57-годишната Ирис Шталцер била пронајдена тешко повредена од нејзиниот син во нејзиниот стан во Хердеке-Херентих во вторник, објави германскиот весник „Билд“. Политичарката наводно била избодена повеќе пати во стомакот и грбот од група мажи на улица. Таа прима итна медицинска помош во болница и е во критична состојба, објави весникот. Ирис Шталцер е градоначалничка на Хердеке во покраината Северна Рајна-Вестфалија. По осомничените е во тек потрага.

Повеќе

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи. – Интересот на граѓаните за бесплатната вакцинација против сезонски грип секоја година е сѐ поголем, што покажува…

Повеќе