Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скандал во ЈП „Национални шуми“: Државното дрво се делело без пари

    Скандал во ЈП „Национални шуми“: Државното дрво се делело без пари

    25.03.2026 во 14:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

    Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без притоа на денот на склучувањето да обезбеди депонирање на соодветни банкарски гаранции од 20% од фирмата купувач , од кои првата во износ од 176.577 денари, а втората во износ од 370.850 денари. Исто така, постапувајќи спротивно на наведените договори и Правилникот за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми “ – Скопје, овозможил правното лице континуирано да подига дрвна маса без да се изврши авансна уплата, со што до датумот на негово разрешување овозможил да се формира долг по основ на испорачано огревно дрво од 982.387 денари.

    Пријавениот Г.Ц., во својство на раководител на Подружница шумско стопанство „Беласица “ Струмица, по преземање на должноста раководител, не го земал во предвид фактот дека не била уплатена гаранција од 20%, како и дека не се вршела авансна уплата за подигнатото огревно дрво, не презел навремени мерки за наплата на долгот и прекин на испораката, туку дозволил подигнување на преостанатата дрвна маса предвидена во договорите и со тоа овозможил долгот да се зголеми за дополнителни 463.723 денари на штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“.

    Со ваквите дејствија била предизвикана вкупна штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од 1.446.110 денари.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.