- Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
- И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут
- Трагедија во Киев: Најмалку седум загинати и 20 исчезнати по масовниот руски напад
- Фон дер Лајен: Русија не бара мир, туку капитулација на Украина
- Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
- Проверете си ги сметките – започна исплатата на МОЈ ДДВ
- Обвинителката Коларевиќ за 360 степени: Обвинителството не носи одлуки за да одговараат на нечии очекувања
- Летните патувања поскапуваат: Авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат трошоците за гориво
Author: Author 04
Поддршката за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Горан Герасимовски од ден во ден, сѐ повеќе расте. Вчеравечер, голем број на граѓани присуствуваа на отворањето на вториот промотивен штаб кој се наоѓа на бул. „Партизански Одреди“ спроти Градежниот факултет. Герасимовски, пред присутните граѓани, истакна дека овие локални избори се борба за достоинство, за работливите, за чесните, за сите граѓани кои го сакаат Центар. „Ова е борба за прогресивното, за културното, за почитување на традиционалното, за уважување на човекот, на вистински начин. Решив да се кандидирам затоа што имаме резултати, затоа што е потребно да продолжиме заедно, за да Центар биде…
Синоќа, во големата сала „Борис Трајковски“, Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство. Илјадници и илјадници граѓани го исполнија секој агол од салата, додека стотици други останаа надвор поради големата толпа. Се извинуваме за ова, бидејќи срцата на Албанците чукаа толку силно што ниту една сала не можеше да ги собере, велат од ВЛЕН. „Синоќа, Скопјe и сите Албанци беа ЕДЕН ГЛАС. ВЛЕН не ветува, ВЛЕН работи. Ова го докажаа делата што секој aлбанец ги гледа денес: 40 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“ затоа што сакаме вистинско знаење, а не безвредни дипломи. 25 милиони евра за плоштадот „Скендербег“…
Промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажа политичкиот реалитет: не само што граѓаните не им веруваат, туку и нивните поранешни поддржувачи ги напуштија. И покрај разулавената пропаганда и нелегалните притисоци од власта, салата остана со празни седишта, додека вистинската жива атмосфера чукаше низ чаршии – од Скопје и Куманово, во Гостивар, Тетово, Кичево па сè до Струга, велат од ДУИ. „Народот не одговори на повикот да поддржи проект кој веќе ја изгуби секоја кредибилност и се претвори во голема измама. Причината е јасна: ВРЕДИ не исполни ништо, апсолутно ништо од дадените…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности. „Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон…
Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00). Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00). Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ Каја Шукова ќе даде изјава за медиуми во Аеродром. Независниот кандидатот за градоначалник на град Скопје подржан од Независни заедно проф. д-р Горан…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен. Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени. До петок под влијание на влажен бран ќе…
Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, Б.Ф.(49) од с.Радуша, скопско, пријави дека околу 07:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници, известија од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Бил Гејтс ја изненади јавноста со најавата дека ќе се откаже од 99% од своето богатство, оставајќи само 1% за себе и своето семејство. Со проценето богатство од околу 200 милијарди долари, ова е сума која сепак обезбедува комфор за него и неговите блиски. Гејтс еднаш рече: „Не е твоја вина ако си роден сиромашен, туку е ако умреш сиромашен.“ Тој долго време се соочувал со идејата дека е невозможно да се стане богат, но преку набљудување на разликите помеѓу мислите и постапките на оние кои имаат и оние кои немаат, сфатил дека и самиот може да припаѓа на оние…
СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Имено, на 27.09.2025 во 19:00 часот на ул.„Козле“ во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од двајца граѓани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П. затоа што бил затекнат како управува патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно по преземени мерки измерени му се 3,06 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на…
Денес сме собрани овде за да прогласиме крај на една ера на импровизации и да го означиме почетокот на системско, темелно и долгорочно решавање на еден од најголемите предизвици за нашата општина, комуналната хигиена, рече Изет Меџити, лидер на Демократското движење и кандидат за градоначалник на Чаир од Коалицијата Вреди. Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредни јавни површини не смеат повеќе да бидат дел од секојдневието на Чаир. Овие слики не само што го нарушуваат угледот на нашата општина, туку директно влијаат врз квалитетот на живот и здравјето на секој од нас, на нашите деца и на нашите…
