Close Menu
Press24
    Најново

    Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот

    11.06.2026 во 19:13

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52

    Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп

    11.06.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот
    • (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
    • Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
    • ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
    • Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
    • Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
    • Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историски чекор по 20 години: Македонија доби сопствени капетани и првата жена заповедник на брод

    Историски чекор по 20 години: Македонија доби сопствени капетани и првата жена заповедник на брод

    02.04.2026 во 12:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    После 20 години,  направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

    “Уште кога бев избран за министер за транспорт, се соочив со овој проблем и заеднички со Капетанијата на пристаништата и со стручните служби во секторот за транспорт во рамките на министерството, разговаравме и најдовме начини. Требаше да се направат одредени законски и подзаконски измени со цел да се овозможи да се направат овие полагања. До сега тие се вршеле во странство, тоа значело дополнително оптеретување на оние кои што се занимаваат со оваа работа и секако значело помала безбедност во пловниот сообраќај. На првиот испит, сертификати добија еден заповедник на брод за управување со меѓународен пловен пат, што е највисоко звање, осум заповедници на брод за управување со државен пловен пат, еден водач на палуба, шест морнари и  особено ми е драго што за прв пат во Македонија имаме женски Заповедник на брод, значи дека ова е работа кој што може секој да ја извршува.  Ова е нешто што сакаме да го стимулираме и во периодот кој што е пред нас со цел да може да се регулира пловниот сообраќај во државата и да имаме едно повисоко ниво на безбедност” – изјави вицепремиерот Николоски.   

    Потеницра дека за потребите на Капетанијата се набави нов пловен објект, се изврши расчитување на пристаништето во Св. Наум и градското пристаниште во Охрид, најави нови проекти за истите и  заеднички проект со општина Охрид за уредување на кејот. 

    “ Заедно со општина Охрид работиме на еден проект кој што десет години никој не сакаше да го работи. Имено се работи за ново уредување на градскиот кеј со двете пристаништа, пристаништето пред хотел Палас и градското пристаниште. Последен пат интервенции на градскиот кеј се правени во 90-те години, што значи дека преку 30 години ништо не е чепнато. Општината во моментов работи проектирање. Од наша страна ние работиме во делот на пристаништата и очекувам заеднички да подготвиме еден проект кој што ќе значи целосно партнерно уредување на кејот од една страна, од друга страна ставање во функција на пристаништата пред хотел Палас во дел на полесни помали пловни објекти, додека старото градско пристаниште треба да добие комплетно нов лик со цел тука да се укотвуваат поголеми пловила. За тоа разговаравме во Париз, кога бевме во посета на УНЕСКО, четири министри и двајца градоначалници. Можам со задоволство да кажам дека има расположение кај нив заеднички да работиме и сите стандарди на УНЕСКО да бидат постигнати со цел од една страна да се задржи статусот и да се унапреди, а од друга страна да имаме модерен кеј и да имаме функционални пристаништа” – додаде вицепремиерот Николоски. 

    Илија Аранудоски, капетан на Капетанија на пристаништата ја поздрави оваа мерка, најави зголемен обем на инспекциски надзор во следниот период и упати апел за навремена регистрација на пловните објекти и придржување кон прописите од внатрешната пловидба. 

    Прочитај повеќе

    Си земале и социјално и пензија истовремено – спротивно на законот

    11.06.2026 во 19:13

    (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере

    11.06.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.