- Лута толпа запали центар за ебола, најмалку 160 мртви
- Месечен хороскоп за јуни: Астролошки пресврти – кој добива неочекувани пари, а кој ќе ја менува кариерата
- Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции
- Се повлекува македонска салата поради опасен пестицид – Аларм во Хрватска
- Наскоро избори, најави Вучиќ
- Добри вести за пензионерите од регионот: Се зголемуваат пензиите
- Гаши: Меѓуетничките тензии се опасни, уставните измени се желба на Албанците, но ја почитувам волјата на македонското мнозинство
- Четири хороскопски знаци ги чека финансиски пресврт во јуни и чистење на долговите
Author: Author 04
Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментотФармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуираноинвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на 183- милионскиот пазар на Евроазиската економска унија.Приходите на „Реплек“ остварени во периодот од 1 јануари заклучно со 30 септември годинаваизнесуваат 26 милиони евра, што е раст од 18 % во однос на истиот период лани, потврдувајќи јаодржливоста…
Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје. Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на ул. „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода. Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа…
Голема трагедија го погоди Пријепоље во недела, 4 октомври, кога Амик А. го убил Срѓан П. додека ловел, мислејќи дека пука во дива свиња. Полицијата во Пријепоље објави дека го уапсила Амко А. (42) под сомнение за сторено кривично дело убиство од небрежност. Тој е осомничен дека ненамерно го застрелал Срѓан П. со ловна пушка завчера, додека ловел, и починал од повредите. Тие биле најдобри пријатели од детството Како се случила несреќатаНесреќата се случила во неделата во близина на селцето Кашице на Камена Гора во близина на Пријепоље. Неофицијално, се дознава дека група ловџии ловеле диви свињи. Поради непристапниот терен,…
Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата. Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ. Како што Заев земаше куферчиња од…
Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност. – Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон…
Меки страдала од постпартална депресија и анксиозност откако ја родила Анабел и ѝ биле препишани антидепресиви и антипсихотични лекови, беше кажано на судот. Жена која ја удави својата двегодишна ќерка во селско езерце е осудена на четири години затвор. Алис Меки, 42, имала заблуда дека најдобриот начин да го заштити своето дете Анабел „од лоша мајка е да ја убие“, рече судијата. Меки, која претходно се изјаснила за виновна за убиство од небрежност поради нарушена проценка, го удавила детето на 300 јарди од семејниот дом во Кингсли, Бордон, Хемпшир, на 10 септември 2023 година. Девојчето било однесено во болница во…
Кандидатот за градоначалник на Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски, вечерва изјави дека и во вториот мандат продолжува поддршката кон ранливите граѓани и највозрасните. „Стануваме прва општина која има свој дом за стари лица. Стануваме општина во која ја зголемуваме двојно, на 5000 денари, поддршката за старите лица, покрај негата во домашни услови. Еднаквоста не смее да биде идеал, туку секојдневие! Воведуваме бесплатна втора смена во градинките, продолжуваме со финансиска помош на младите, го зголемуваме износот на стипендиите за нашите талентирани ученици и млади спортисти.Сите добиваат заслужена помош и поддршка, бидејќи мора да си помагаме еден на друг!…
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни. „Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Овалната соба им изјави на медиумите дека „некако донел одлука“ да испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел во Украина. Трамп ја нагласи потребата од јасност во врска со нивната намена и цели, во услови на актуелни дискусии за ризиците од ескалација. Како што изјави во разговор со новинарите, сака да биде информиран каде ќе се користат ракетите.
Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на кампањата за локални избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твое место! За твојата иднина! повика да се даде поддршка за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, докторот Александар Јованоски. „Познавајќи го докторов, денес имам најлесна задача затоа што тој е хуманист и ќе го направи Кичево добро место за живеење. Ви ветувам дека заедно со сите нас Кичево ќе добие многу инфраструктура, како и работни места. Кичево ќе го добие сјајот што го заслужува. Сигурен сум во тоа бидејќи докторот Александар Јованоски е познат…
