Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација

    Филипче за Мицкоски: Подготвен е да жртвува децении од вашите животи за личен бизнис и изолација

    30.03.2026 во 12:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Го слушнавте сите Христијан Мицкоски. Подготвен бил да чека со децении за влез на Македонија во ЕУ. Да потроши децении од вашите животи, од животите на вашите деца, внуци, на идните македонски генерации. После ова признание на Мицкоски, веќе на сите им е јасно што се случува во Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

    Тој обвини дека со Мицкоски и неговата, како што рече, организирана криминална група нема членство во Европската Унија.

    „Значи, децении загарантирана сиромаштија, загубени генерации поради засилено иселување на младите, карта во еден правец за македонската младост. Значи децении криминал и корупција без никаква контрола. Значи тонење во калта на Мицкоски и неговата криминална банда.  Христијан Мицкоски со часовници од 60.000 евра, со бизнис мрежа во тендерска групација посакува децениска изолација. Бизнисменот Мицкоски може да чека. Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, не можат и не смеат и нема да чекаат. За спас многу наши граѓани ќе бидат принудени како тоа што веќе го прават да вадат бугарски пасоши. Ќе останеме и без држава и без народ. Целта е тие да си делат криминални тендери, да грабаат народни пари, а народот да пати и да плати. И тоа така со децении’, рече Филипче.

    Според него, се потврдило тоа што СДСМ го зборувале дека Мицкоски ја туркал земјата во изолација и работел за странски интереси, преку српски, унгарски се до руските интереси.

    „Мицкоски е прокси руски играч. ВМРО организираната криминална група е тројански коњ на поделбите на македонското национално ткиво. Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го врати името, а сега поради него, Македонија е таа што е на колена. Предадени се нашите национални интереси, стратешката определба на земјата да биде рамноправен дел со обединетите народи на Европа“, рече Филипче.

    Тој додаде дека за македонскиот народ, членството во ЕУ значи интеграција како Македонци кои говорат македонски јазик, рамноправни во големото европско семејство.

    „За сите наши граѓани, членството во ЕУ носи пари, носи пристапни фондови до 40 милијарди евра, поголеми плати, повисоки пензии, подобро образование, подобра инфраструктура, подобро здравство, и секако правда“, додаде Филипче.

    Тој најави дека СДСМ и целата коалиција е подготвена да се спротивстави и силно ќе се спротивстави и ќе ја води борбата за европска Македонија.

    „Ве повикувам сите да се приклучите. Да се обединиме околу идејата за напредна, европска Македонија. Против изолацијата, против криминалот и корупцијата. Да живееме во нормална држава, со европски плати и животен стандард, со нула корупција, земја во која што младите ќе сакаат да останат. Јас нема да дозволам, СДСМ нема да дозволи да ја снема оваа тема. Да ја снема желбата, да го снема сонот на нашите граѓани за Европа. Напротив ќе се борам, ќе се бориме уште посилно и уште по одлучно. Борбата допрва почнува, ќе ја вратиме нашата држава на европскиот колосек, како што ја внесовме во НАТО така ќе ја внесеме Македонија и во Европска Унија“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.