Author: Author 04

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра!, стои во соопштението од СДСМ. „Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта? Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително. Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто? Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува…

Повеќе

Сообраќајната несреќа во која е повредена девојката Н. С. (17) се случила вчера на улицата „Браќе Срниќ“ во Белград. Се сомнева дека нејзиниот познаник М. Т. (18) налетал на неа со автомобил. Двајцата тинејџери се сретнале на улицата, по што избувнала расправија, по што следело физичко насилство. Во еден момент, М.Т. наводно физички ја нападнал тинејџерката, ја влечел за коса, а потоа влегол во својата „Киа“, во која се возеле уште две неидентификувани лица. Додека несреќната девојка одела по тротоарот, тој е осомничен дека намерно го насочил своето возило кон неа и ја удрил. Сообраќајната несреќа се случила на тролејбус.…

Повеќе

Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира до јавноста околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври. М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај што пристига, полетува и прелетува над Република Македонија. Работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ризикот по безбедноста на сите граѓани. Менаџерскиот тим го признава правото на синдикалните организации да организираат штрајк како интегрален дел од борбата за подобрување на работничките права на вработените. Сепак, секој штрајк во институција која…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик. Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија. На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер најави дека се воведува „Центарска картичка“ за жителите на Центар, со која ќе добиваат попусти за културни и спортски настани, пазарење во локални продавници и посета на одредени локали и културни институции. Тој, рече дека во план е изградба и на нова градинка во близина на Клиничкиот Центар. „Станува збор за модерна и урбана градинка, која по изглед и функционалност ќе наликува на „Пролет“. Инвестициите во најмладите остануваат приоритет. Планираме и еден поголем капитален проект за повозрасните жители , а тоа е изградба…

Повеќе

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска. На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел. Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени. -Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори, потенцира Божиновска и најави многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите. Во Државниот инспекторат за…

Повеќе

Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле. Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари. Според полициското соопштение кај лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле. Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.

Повеќе

Од 1 јануари до 30 септември годинава казнети се 18 458 возачи кои учествувале во сообраќајот без да имаат возачка дозвола. Најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Струмица и Скопје, 3 275 и 3 202 прекршоци, соопшти денеска МВР. На територија на СВР Битола санкционирани се 2 811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2 086 мерки, а во СВР Куманово санкционирани се 1 660 возачи за управување без возачка дозвола. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој временски интервал биле…

Повеќе

Кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со некакви инциденти, провокации или злоупотреби на институциите кои наместо за граѓаните се ставени во функција на ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско. Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме…

Повеќе

Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите 4 години реализираше дури над 90 проценти од својата програма, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дополнително во Бутел се реализираа повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес. Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина. Затоа во програмата за претстојните локални избори, е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни…

Повеќе