- На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра
- Турција: Ја убил поранешната сопруга, па продолжил со крвавиот пир, најмалку 6 усмртени
- Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ – донесени се повеќе кадровски решенија
- Дипломатска бура во Загреб: Милановиќ го блокира амбасадорот на Израел
- ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче нема желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија
- Американец заразен со хантавирус почина: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“
- „Луѓето обично го кажуваат ова пред да умрат“: Најмногу жалат за една работа
- Украина влегува во нова фаза од војната: Првата домашна лизгачка бомба е подготвена за борба
Author: Author 04
Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе). Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето. Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност…
Реконструкција на големите локални улици! За подобар сообраќај, за побезбедни улици. За поквалитетен живот на граѓаните. Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици, објави на Фејсбук актуелниот и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба, стои во партиското соопштение. Ќе ги реконструираме: ул. Лазар Поп Трајков – Автокоманда ул. Анри Барбис и ул. Карл Хрон – Триангла ул. Среќко Пужалка и ул. Финска – Ченто ул. Пехчевска – Хиподром ул. 2 и ул. 18 – Инџиково ул. Трајко Китанчев – Ченто, ул. 10 и ул. 3…
Министерството за бизнис и трговија на Велика Британија соопшти дека неодамна презело чекори за справување со британските фирми чии производи продолжуваат да се пробиваат во воениот синџир на снабдување на Русија. Зеленски во објава на „X“ рече дека „микрокомпјутерите за контрола на летот на дронови се произведуваат во Обединетото Кралство“ Британските микрокомпјутери беа меѓу повеќе од 100.000 делови произведени во странство содржани во руските ракети и дронови користени во смртоносниот напад врз Украина во неделата, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски. Британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон на 10 октомври 2024 година.Четири члена на исто семејство,…
Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавуање на лицата кои…
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Алексинац среде ноќ, објави Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. Според податоците од веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки институт на Србија, земјотресот се случил околу 3:30 часот наутро на длабочина од три километри. Епицентарот на земјотресот е регистриран во подрачјето помеѓу Пруговац, Липовац, Црна Баре и манастирот Свети Стефан. Врз основа на координатите, најблиското населено место е Пруговац, во чија близина е регистриран епицентарот на земјотресот.
Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Џ.П.(33) и Б.М.Р.(33), двете од Италија. При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот багаж на Џ.П. пронајдени се 186 семки од растението канабис, хемиска материја ЛСД, тврда кафеава материја и кесичка со суви печурки. Додека, во багажот на Б.М.Р. е пронајдена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишија од слобода А.Ш. (41) од Скопје. Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во с.Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта. Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Инвестирање во спортот и спортската инфраструктура е главен фокус на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од приоритетните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром е изградба на нов модерен спортски центар, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Локацијата каде што е предвидена изградбата е покрај реката Вардар, на потегот од паркот „Авионче“ до „Рајскиот парк“. Површината на новиот спортски центар е 100.000 м2, и истиот ќе биде наменет за сите спортови, каде што секој ќе најде свое место, од професионалци, аматери, до семејства. Вложување во спортот е вложување во физичкото и метално здравје на граѓаните. Наша…
Граѓаните и бизнисите во РС Македонија од денеска ќе ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствениот евро-платежен простор) регионот. Европскиот совет за плаќање има одобрено апликациите на 9 домашни банки во платежната шема за кредитни трансфери коишто се оперативни во СЕПА, додека останатите 3 банки се очекува да се приклучат до крајот на годината. „Ова значи дека земјава практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. Од членството во СЕПА се очекуваа бројни придобивки за граѓаните, компаниите, но и за…
