Author: Author 04

Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот.

Повеќе

Германска градоначалничка се бори за живот откако била избодена пред нејзиниот дом „од повеќе мажи“, објави „Дејли меил“. 57-годишната Ирис Шталцер била пронајдена тешко повредена од нејзиниот син во нејзиниот стан во Хердеке-Херентих во вторник, објави германскиот весник „Билд“. Политичарката наводно била избодена повеќе пати во стомакот и грбот од група мажи на улица. Таа прима итна медицинска помош во болница и е во критична состојба, објави весникот. Ирис Шталцер е градоначалничка на Хердеке во покраината Северна Рајна-Вестфалија. По осомничените е во тек потрага.

Повеќе

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи. – Интересот на граѓаните за бесплатната вакцинација против сезонски грип секоја година е сѐ поголем, што покажува…

Повеќе

Пејачот Халид Бешлиќ почина по кратка и тешка болест на 71-годишна возраст во Клиничката болница во Сараево. Халид Бешлиќ е роден на 20 ноември 1953 година во селцето Врапци, кое се наоѓа недалеку од градот Кнежине во општина Соколац. Неговото детство го поминало на падините на планината Романија, а неговите рани години биле обележани со среќа, мир и безгрижност. Таткото на Халид Бешлиќ, Мујо, кој управувал со шумска фарма и бил во војска, починал на 1 април 2016 година на 83-годишна возраст во болница во Сараево. Халид во тоа време бил на американска турнеја, но пристигнал на погребот, кој се…

Повеќе

Во чест на големата балканска легенда на народната музика, Халид Бешлиќ (1953 – 2025), кој почина на 72-годишна возраст, се присетуваме на некои од неговите најголеми и безвременски хитови кои оставија неизбришлив белег на музичката сцена. Неговите песни се евергрини кои со децении ги придружуваат сите големи прослави и кафански собири низ регионот. Безвременските хитови на Халид БешлиќХалид Бешлиќ – „Нема, нема дијаманти“:Халид Бешлиќ – „Миљачка“:Халид Бешлиќ – „Не можам да живеам без тебе“:Халид Бешлиќ – „Се враќам кај мајка ми во Босна/Белградско девојче“:Халид Бешлиќ – „И воодушевен од таа убавина“:Халид Бешлиќ – „Црна роза“:Халид Бешлиќ – „Романија“:Халид Бешлиќ -…

Повеќе

Легендата на фолк музиката Халид Бешлиќ почина на 71-годишна возраст. Бешлиќ беше хоспитализиран во КЦУС во последните неколку месеци поради сериозни здравствени проблеми што не можел да ги надмине. Халид Бешлиќ ќе биде запаметен како легенда на фолк музиката, чие име сè уште инспирира почит и восхит меѓу генерациите. Неговиот препознатлив глас, емотивните песни и кариерата градена со децении го направија еден од најомилените изведувачи на Балканот. Приватниот живот на пејачот честопати бил интригантен како и неговата музичка биографија. Речиси 50 години бил среќно оженет со сопругата Сејда, која му била најголема поддршка, особено во тешките периоди на лекување. Малкумина…

Повеќе

Во врска со информацијата за небезбеден земјоделски производ – црвена пиперка извезена од Македонија во Хрватска, од Државниот инспекторат за земјоделство информираат: „Согласно Нотификациите од RASFF sistemot na EU за утврдени неправилности во свежи земјоделски производи (црвена пиперка), Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за Храна и Ветеринарство, а согласно овластувањата кои ги имаат од Законот за Фитофармација и Законот за безбедност на храна, во заеднички контроли се вршат надзори кај извозникот , откупувачите и индивидуалните земјоделски производители. Според официјалното известување добиено од Хрватска во земениот примерок утврдено е присуство на активна материја Methomil во количина од  0,049 mg/kg – ppm. Пратката со свежа црвена…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со вработените од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, задолжени за одржување на хигиената, со кои разговараше за условите во кои работат и идните планови за унапредување на нивната работа. „На секаков можен начин се трудиме да покажеме почит кон овие луѓе кои ја вршат најтешката, но и најважната работа во општината и градот. Речиси двојно ги зголемивме платите на хигиеничарите изминативе години, повеќе од половината кои беа непријавени веќе се со регулиран работен однос, а наскоро и останатите ќе бидат пријавени,“ рече Герасимовски. Во програмата се планира набавка на нова механизација и…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност при градежни работи“. Пријавените правни субјекти на 25.03.2025, при изведување на градежни работи на автопат Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Б.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и ,,злоупотреба на лични податоци“. На 31.03.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што на увид дал лична карта, сопственост на неговиот брат, а вметнал и сопствена фотографија на личната карта.

Повеќе