- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
- „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
- Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
- Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
- Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
- Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
Author: Author 04
Уште една трагична вест за семејството Тарнер. Ајк Тарнер Џуниор, посвоениот син на музичката легенда Тина Тарнер и син на нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер, почина во болница во Лос Анџелес на 67-годишна возраст. Веста ја потврди неговата роднина, Жаклин Булок, која откри дека тој со години се борел со сериозни здравствени проблеми. Според нејзината изјава, Ајк Џуниор со години имал проблеми со бубрезите, а во последниот период се борел и со срцеви заболувања. Неговата состојба драстично се влошила минатиот месец, кога доживеал и мозочен удар. Роден во 1958 година, како син на Ајк Тарнер и Лорин Тејлор, тој бил…
За патниците од 59 земји, вклучувајќи ја и Македонија, од средината на октомври 2025 година ќе почнат да важат нови правила за влез во поголемиот дел од државите на Европската унија. Долги колони од автомобили и автобуси на граничните премини или редови од патници кои на аеродромите чекаат да им ги проверуваат пасошите и да им стават печат, би можеле да станат уште подолги. Доколку сакате да ја посетите некоја од членките на Европската унија, како и Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија – од 12 октомври, покрај пасошот и картата, ќе биде потребно да пополните и документ пред да ги…
Карпош е нашиот дом, нашите улици, дворови, училишта, спомените од детството и надежите, порача д-р Маја Мојсова Мијовска, кандидат за градоначалничка на Карпош од СДСМ, најавувајќи визија за нов почеток и суштинска промена во начинот на функционирање на општината. Таа нагласи дека Карпош се соочува со реални проблеми кои повеќе не смеат да се игнорираат: загаден воздух, дупки по тротоарите, диви депонии, сообраќаен метеж, темни улички, преполните паркинзи, оштетени јавни површини, недостиг на зеленило и простор за децата, нефункционална инфраструктура. Мојсова ја претстави и својата програма за темелна трансформација на Карпош, базирана на инклузивност, транспарентност, зелена енергија, квалитетна социјална грижа…
Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, одржа силен и содржаен говор во кој ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје. „Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени. Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги:…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош, порача дека ароганцијата на власта не може да трае бесконечно, бидејќи народот не заборава, граѓаните не се наивни и веќе ја препознаваат вистината. „Македонија веќе се буди. Луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот, туку влада над народот”, рече д-р Филипче. Тој нагласи дека граѓаните ги препознаваат лагите и манипулациите на ВМРО-ДОМНЕ и кај нив се буди чувство за промени. „И секојдневно расте чувството дека е време нешто да се промени, не…
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Македонски Брод, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше дека се неопходни реформи, ресет на системот кој ќе донесе подобар живот и владеење на правото. Мицкоски истакна дека судството мора да биде непристрасно и непокорливо, судиите да судат според законот, а не според влијанија. „Моментот што го чекале генерации е пред нас, време за ресет на системот, време да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и…
Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, се обрати денес на народниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! ,, Македонски Брод е нашата емоција, нашето минато, нашата иднина, но и нашата сегашност. Македонски Брод и поречјето треба да се чува, да се негува и да се гради. Излегуваме со конкретна програма, програма која ја работевме со вас, програма која има конкретни и реални проекти. Почитувани јас во наредниот мандат нема да ветувам чуда, туку само чесна работа и остварливи и реални…
Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена компанија, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош. Тој посочи дека владеењето на власта е претворено во шоу, наместо во конкретни дела, мерки и политики за граѓаните и за напредок на државата. „Денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира. Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина“, истакна Филипче. Во обраќањето Филипче…
„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош. Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот. „Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател.“ потенцираше Филипче. „Оваа власт се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија…
Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи трагичен инцидент кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. Тој беше пренесен во клиниката за трауматологија во Тирана, но кратко потоа подлегна на повредите. Напаѓачот, Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом почнал да ја чита одлуката во својот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна опасност. Судијата Калаја водел спор за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Семејствата тужеле дека Шкемби со фалсификувани документи станал сопственик и ги…
