- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
- „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
- Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
- Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
- Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
- Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
Author: Author 04
Предвремени парламентарни избори следната година нема да има, зашто нема никаква потреба за тоа, вели министерот за европски прашања и потпретседател на Алтернатива (дел од ВРЕДИ), Орхан Муртезани, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање дали, сепак, има контекст којшто може да направи притисок и да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ да се реши на таков потег, особено ако ДУИ биде победник на локалните избори, Муртезани одговара дека владејачкото мнозинство со 76 пратеници е стабилно. -Ова намерно се лансира од страна на ДУИ, меѓутоа овој дискурс бил неколку пати неуспешен. Веднаш по изборите, сите челници на ДУИ тврдеа дека…
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! ,,Кога одлучуваме кој да ја добие поддршката за кандидат за градоначалник на Кичево, морам да признаам дека не размислував кој ќе биде најдобар за ВМРО-ДПМНЕ, туку гледав кој ќе биде најдобар за Кичевчани. Кој може да се бори за сите вас, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ, и сите останати. И за Македонците, и за Албанците, и за Турците, и за Ромите и за сите…
Вчера во 17:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.Н.(33) од Скопје затоа што околу 16:30 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Драчево физички го нападнал Б.К.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва во своето обраќање ја нагласи историската важност на 19 октомври, нарекувајќи го „ден на политичка трансформација“ и пресвртница што ќе ја определи иднината на општината, државата и нацијата, се наведува во соопштението кандидатот за градоначалник на Чаир. „19 октомври ќе остане запишан во историјата како денот кој ја определил насоката на државата, на нацијата и на нашата општина“, изјави Османи, потенцирајќи дека секој граѓанин има одговорност да даде свој придонес во тој процес на промена. Тој порача дека изборите на 19 октомври не се обично гласање, туку морална и човечка должност…
– Живееме во период на максимална неизвесност и експлозивна нестабилност и во овој хаотичен и заканувачки пејзаж потребно ни е единство за да испорачаме за Европејците, да ја зајакнеме безбедноста, да ја заштитиме нашата демократија, да ја поддржиме индустрија и да го зацврстиме нашиот општествен модел, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Светот е во најнесигурна и најопасна состојба во последниве децении, а Европа е во состојба на висока готовност. Поентата што сакам да истакнам е дека треба да се фокусираме на она што навистина е важно. А тоа е да испорачаме за Европејците, изјави…
Кандидатот за Градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, вечерва пред центарци истакна дека во изминатите четири години постигнато е многу за развој на општината. По четири години Центар е нова приказна, нова општина. Тој, информираше дека е изградена најдобрата градинка во Македонија, и подготвена е изградба на уште една нова. „Ги реновиравме целосно сите училишта. На две училишта веќе поставивме фотоволтаици. Нашиот План е сите училишта и градински да имаат фотоволтаици на крововите. Нашите ученици добиваа ранци и прибори, сигурност и најдобро образование, добија униформи, а од сега ќе имаат и бесплатни здрави оброци и национална екскурзија за…
„Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со чист образ и нова Програма, ја бараме поддршката за Центар што го сакаме!“. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски. Тој потенцираше дека во Центар се обновуваат улиците и маалата. Со нови улици, паметно осветлување, со модерни детски игралишта, со нова урбана опрема. „Најавуваме модернизација на уште нови над 30 улици, пјацети и маала. Јавно се обврзуваме дека Центар мора да биде првата општина без дрвени бандери и висечки кабли. Центар…
Стејси Вилер Коб, 48, беше уапсена во саботата за смртта на Кајмир Џонс, соопшти полициската станица Валдоста во округот Лаундес. Таа е обвинета за убиство од втор степен и суровост кон дете од втор степен, според записите од затворот во округот. „Ова е ужасен и трагичен настан што никогаш не требало да се случи, но поради небрежност на овој сторител, мајка трагично го загуби своето дете“, рече началникот на полицијата во Валдоста, Лесли Манахан. Полицијата, пожарникарите и брзата помош во Јужна Џорџија реагираа на пријава за напад од куче во блокот 3800 на Пикен Драјв во Валдоста на 4 октомври.…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата. „Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта. Но јас во нивната кал нема…
Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник за општина Прилеп од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, вечерва гостуваше во предизборната дебата во емисија Топ Тема на Телевизија Телма. Проданоски прво посочи на трите приоритетни области во коишто треба општина Прилеп сериозно да се ангажира и работи, а тоа се инфраструктурата, безбедноста и културата, а потоа се осврна и ги посочи решенијата понудени во неговата програма кои се однесуваат на сообраќајните проблеми во општина Прилеп. „Нудиме изградба на 2 обиколници во градот, обиколница Исток и обиколница Запад коишто би го извлекле целиот товарен сообраќај од централното градско подрачје со што директно се влијае и…
