Author: Author 04

Вчера околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Повеќе

Вчера во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево. Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Повеќе

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ изјави Шукова пред граѓаните. Во фокусот на таа визија, како што истакна, е изградбата на модерен Конгресен центар – инфраструктура што ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на…

Повеќе

Во општина Медвеѓа, околу 20 проценти од корисниците се уште без струја и се очекува состојбата со снабдувањето со електрична енергија целосно да се нормализира за околу 15 дена, изјави денес градоначалникот Драган Кулиќ. „Работиме на отстранување на последиците од невремето, се расчистуваат патните правци, а според податоците од Електродистрибутивната компанија на Србија, околу 20 проценти од корисниците во нашата општина се уште без електрична енергија“, изјави тој за Танјуг. Кулиќ додаде дека очекува патните правци наскоро да бидат расчистени. Во Ивањица, Црна Трава, Медвеѓа и Нова Варош, вонредната состојба е сè уште на сила поради последиците од снегот во…

Повеќе

Вчера  во 11:30 часот во ОВР Неготино, Т.М.(36) од Неготино, пријавил дека неговиот малолетен син, во училиштето во кое учи и надвор од него, подолг период бил физички и психички малтретиран од друг малолетник. Известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и се преземале мерки за расчистување на настанот

Повеќе

Вчера  во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, Неготинско. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес. 

Повеќе

Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени, рече кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното време носи нови предизвици но и нови можности, рече Тоневски. „Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење. Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме…

Повеќе

Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер  и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?, праша на денешната прес-конеренција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира, рече Петрушевски. „Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од…

Повеќе

Голем пожар избувна денес на Зрењанинскиот пат спроти пумпата Еко, а продавница за гуми се запали. Според страницата „grupa_kkbops“, пожарникарите штотуку пристигнале. Еден автомобил е целосно во пламен, а се претпоставува дека пожарот избувнал во гаражата. Пламенот ги зафатил гумите, а пожарот ја зафаќа целата зграда. Густ, црн чад се шири низ населбата. Сè уште не е познато како започнал пожарот. View this post on Instagram A post shared by Krnjača, Kotež, Borča, Ovča, Padinska skela (@grupa_kkbops)

Повеќе

Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, при што е започната постапка за утврдување на оригиналноста на производите, соопшти Царинската Управа. Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември…

Повеќе