- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
- „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
- Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
- Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
- Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
- Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
Author: Author 04
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со вработените од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, задолжени за одржување на хигиената, со кои разговараше за условите во кои работат и идните планови за унапредување на нивната работа. „На секаков можен начин се трудиме да покажеме почит кон овие луѓе кои ја вршат најтешката, но и најважната работа во општината и градот. Речиси двојно ги зголемивме платите на хигиеничарите изминативе години, повеќе од половината кои беа непријавени веќе се со регулиран работен однос, а наскоро и останатите ќе бидат пријавени,“ рече Герасимовски. Во програмата се планира набавка на нова механизација и…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност при градежни работи“. Пријавените правни субјекти на 25.03.2025, при изведување на градежни работи на автопат Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Б.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и ,,злоупотреба на лични податоци“. На 31.03.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што на увид дал лична карта, сопственост на неговиот брат, а вметнал и сопствена фотографија на личната карта.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста и „полов напад и силување”. Пријавениот физички ги нападнал неговите две 16-годишни ќерки и ги допирал по телата, се наведува во полицискиот билтен.
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, Б.Д.(61) од Скопје пријави дека на 05.10.2025 околу 02:30 часот на подрачјето на Центар, неколку малолетници физички нападнале еден малолетник, при што употребиле тврд предмет, а откако Б.Д. реагирал со цел да ги спречи, тие избегале. Според пријавеното, по кратко време и тој бил физички нападнат од двајца малолетници и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:55 часот во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Инцидент во средно училиште во Кичево: 17-годишен ученик со остар предмет нападнал 15-годишен ученик
Вчера во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево. Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ изјави Шукова пред граѓаните. Во фокусот на таа визија, како што истакна, е изградбата на модерен Конгресен центар – инфраструктура што ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на…
Во општина Медвеѓа, околу 20 проценти од корисниците се уште без струја и се очекува состојбата со снабдувањето со електрична енергија целосно да се нормализира за околу 15 дена, изјави денес градоначалникот Драган Кулиќ. „Работиме на отстранување на последиците од невремето, се расчистуваат патните правци, а според податоците од Електродистрибутивната компанија на Србија, околу 20 проценти од корисниците во нашата општина се уште без електрична енергија“, изјави тој за Танјуг. Кулиќ додаде дека очекува патните правци наскоро да бидат расчистени. Во Ивањица, Црна Трава, Медвеѓа и Нова Варош, вонредната состојба е сè уште на сила поради последиците од снегот во…
