- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
- „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
- Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
- Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
- Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
- Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
Author: Author 04
Вчера во 11:30 часот во ОВР Неготино, Т.М.(36) од Неготино, пријавил дека неговиот малолетен син, во училиштето во кое учи и надвор од него, подолг период бил физички и психички малтретиран од друг малолетник. Известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и се преземале мерки за расчистување на настанот
Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, Неготинско. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени, рече кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното време носи нови предизвици но и нови можности, рече Тоневски. „Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење. Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме…
Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?, праша на денешната прес-конеренција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира, рече Петрушевски. „Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од…
Голем пожар избувна денес на Зрењанинскиот пат спроти пумпата Еко, а продавница за гуми се запали. Според страницата „grupa_kkbops“, пожарникарите штотуку пристигнале. Еден автомобил е целосно во пламен, а се претпоставува дека пожарот избувнал во гаражата. Пламенот ги зафатил гумите, а пожарот ја зафаќа целата зграда. Густ, црн чад се шири низ населбата. Сè уште не е познато како започнал пожарот. View this post on Instagram A post shared by Krnjača, Kotež, Borča, Ovča, Padinska skela (@grupa_kkbops)
Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, при што е започната постапка за утврдување на оригиналноста на производите, соопшти Царинската Управа. Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември…
УХМР за утре најавува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја претстави програмата „Со срце за возрасните“, фокусирана на зголемување на квалитетот на животот на пензионерите преку директна финансиска помош и системска грижа. Програмата предвидува три клучни мерки за подобрување на економската сигурност на постарите лица, и тоа месечна парична поддршка, субвенции за престој во домови за стари лица и картичка за попусти во аптеки и маркети. „Најпрво, ќе ги поддржиме финансиски постарите лица. Предвидуваме помош за сите пензионери со ниски приходи, за оние кои најмногу ја чувствуваат тежината на месецот. Во првите две години од мандатот ќе започнеме со 2.500 денари…
Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе). Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето. Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност…
