Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински: Започна консултативниот процес за унапредување на меѓуопштинската соработка

    Перински: Започна консултативниот процес за унапредување на меѓуопштинската соработка

    30.03.2026 во 11:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери.

    Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за процесот кој ќе биде во фокус периодот што следи.

    Во рамки на настанот беше презентирана оценката за примената на Законот за меѓуопштинска соработка, донесен во 2009 година, како и подзаконските акти кои произлегуваат од него. Анализата покажа дека во изминатиот период е постигнат одреден напредок во спроведувањето на законските одредби, но истовремено се идентификувани и сериозни предизвици.

    „Праксата укажува дека меѓуопштинската соработка не е доволно препознаена како ефикасен механизам за зголемување на економичноста и квалитетот на услугите. Иако Законот е замислен како инструмент за надминување на јазот меѓу помалите општини и оние со поголеми административни и финансиски капацитети, токму општините со најголема потреба се соочуваат со ограничени ресурси и недоволни капацитети за самостојно воспоставување на вакви форми на соработка“ посочи министерот Перински во своето воведно обраќање.

    Како клучни слабости беа посочени потребата од финансиска поддршка за поттикнување на меѓуопштинската соработка, отсуството на систематски пристап за нејзино следење и недостигот на сеопфатни анализи. Овие фактори значително ја ограничуваат практичната примена на Законот.

    Министерството за локална самоуправа најави дека започнува отворен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка, во кој ќе бидат вклучени сите општини, донаторската заедница и експертската јавност. Целта е да се детектираат потребните измени со кои ќе се олесни и поттикне меѓуопштинската соработка, како важен инструмент за поефикасно и одржливо вршење на надлежностите на локално ниво.

    Воведна презентација имаше државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Јулијана Павковска Боцевска, која се осврна на позиционирањето на Министерството за локална самоуправа во функција на унапредување на меѓуопштинската соработка и имплементација на препораките од оценските мисиии  во рамки на функционирање на демократските институции и реформата на јавната администрација, по што беше презентиран и Извештајот за остварена меѓуопштинска соработка во 2025 година од страна на раководителот на Секторот за локална самоуправа во рамки на министерството.

    Во делот за имплементирање на препораките од Извештајот за мониторинг од оценската мисија согласно начелата на јавната админстрација на СИГМА од 2024 година говореше Баграт Туњан, Раководител на професионалниот тим за стратешко планирање и развој на политики и раководител за Република Северна Македонија.

    Во рамки на панел-сесијата на тема „Меѓуопштинската соработка како механизам за премостување на предизвиците при испорака на локалните услуги“, како панелисти учество земаа Ане Лашковска, заменик министер, Министерство за животна средина и просторно планирање, Елизабета Чуповска, државен секретар, Министерство за одбрана, Славе Андонов, градоначалник на Општина Василево, Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци и Трајче Здравков, директор на Центар за развој на источен плански регион.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.