- Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
- Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
- ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
- Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
- МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
- Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
- ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
- Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
Author: Author 04
Вработените во Министерството за јавна администрација (МЈА) добиваат историско подобрување на својот материјален статус. Министерот Горан Минчев денеска го стави својот потпис на новиот колективен договор, кој предвидува вртоглаво зголемување на платите за неверојатни 40 проценти. Процесот на покачување ќе се одвива етапно, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на примањата. „Ова е значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените. Зголемувањето ќе се реализира во три фази, почнувајќи од овој месец (март 2026 година), па сè до март 2028 година. Нашата цел е мотивирана и професионална администрација“, истакна министерот Минчев.
Денеска ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против И.Р.(27) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 30.03.2026 околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет и нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото, појаснија од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Институт за судска медицина Скопје за обдукција.
Вчера во 04:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.С.(45) од Република Албанија. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Струга, од каде одзел повеќе производи. Одземеното е вратено на сопственикот, а по целосно расчистување и документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, присуствуваше на Свечената академија „30 години Општина Новаци“, со која беше одбележан значајниот јубилеј на општината. Во своето обраќање, министерот упати честитки по повод 30-годишнината, нагласувајќи дека „Со својата работа, посветеност и визија, градоначалникот, Советот и општинската администрација ја создаваат иднината на општината и поставуваат темели за генерациите што доаѓаат“. Министерот посочи дека Владата и Министерството за локална самоуправа се посветени на обезбедување континуирана поддршка за сите општини, бидејќи силната локална самоуправа е основа за рамномерен развој на државата. Во рамки на посетата, министерот оствари…
Вчера во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино. Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот. Се преземаат мерки за расчистување…
Вчера во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт, информираа од МВР. Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот, додаваат од полицијата. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше светската јавност со својата последна објава на „Truth Social“, каде директно се закани со целосно уништување на иранската инфраструктура доколку преговорите не вродат со плод набрзо. Трамп порача дека досега намерно не биле „допрени“ клучните капацитети, но дека трпението на Вашингтон е при крај. Главниот услов е итно отворање на стратешкиот премин Ормут за светскиот бизнис. „Ако не се постигне договор наскоро, ќе го завршиме нашиот ‘престој’ во Иран со дигање во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг“, напиша Трамп во својот препознатлив остар стил.
Нови морничави сведоштва за пеколот низ кој поминале починатата Ивана и нејзината ќерка Катја беа изнесени денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Мајката на Ивана, Љубица Стојановска, откри дека обвинетиот Стојанче Јовановски не престанал со насилството дури ни кога неговата сопруга била хоспитализирана на Хирургија со внатрешни крварења предизвикани од удари. Според сведочењето, Стојанче ја нападнал Ивана пред лифтовите на Клиниката, обидувајќи се да ѝ ги одземе телефоните, по што ја турнал по скалите пред очите на малата Катја. „Додека Ивана била во болница, Катја им кажала на медицинските сестри дека претходниот ден јадела само ѓевречиња, бидејќи татко ѝ ја…
Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно спроведување на законските надлежности согласно Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, како и реализација на заеднички проекти од јавен интерес. Во рамки на оваа соработка, за првпат е предвидена изградба на полициска станица во Општина Илинден, како и изградба на нов објект на полициска станица во Општина Кисела Вода, што ќе придонесе за зголемено полициско присуство, побрза реакција и повисоко ниво на безбедност за граѓаните. Соработката ќе се реализира преку заеднички проектни активности за изградба на нови објекти предвидени во урбанистичките планови, како и…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на…
