- Полициска акција низ Македонија: Уапсени седум возачи, фатени како возат пијани, без дозволи и под забрана
- Алармантни 24 часа во Македонија: Нападнат маж во Скопје, пијан велешанец ја тепал сопругата, кумановец ја нападнал ќерката
- ЕК одобри 65,7 милиони евра за Македонија преку Планот за раст
- Филипче: Првиот чекор е јасен – уставни измени, имаме конкретен предлог од сите членки на ЕУ
- Инцидент во Градскиот парк: Пијан малолетник нападнал полицајци во Карпош
- Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат
- (ФОТО) Шверц на дрога на Стар Дојран: Фатени со 66 пакувања марихуана во автомобил, полицијата уапси две лица
- (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг
Author: Author 04
Телото на Марко М. (47) од Белград беше пронајдено вчера во грмушка во Белград. По наредба на обвинителот, телото е испратено во Институтот за судска медицина на обдукција. Семејството ја пријавило за исчезната на 4 октомври. Според последните информации, на телото немало повреди што би укажувале на насилна смрт.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер информираше дека е многу горд на отворањето на новата градинка „Пролет“ којашто е најмодерната и најурбана градинка во целата држава. Герасимовски, потенцираше дека се реконструирани сите останати градинки на територија на Центар, а денеска најмалите жители имаат најдобри услови. „Градинката „Пролет“ не само што е модерна, урбана и најдобра во државата, туку чини само 900 евра по квадрат. Тука се покажува нашето домаќинско работење и се докажува колку инвеститорите веруваат во Центар. Инвестиравме во училиштата, во нови спортски сали и подобрување на условите…
Коалицијата ВЛЕН реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања. „Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката.ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист.Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа…
Вчера во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани. Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, посочувајќи дека минатогодишниот мандат го извршувал посветено, одговорно, отчетно, а новиот мандат ќе значи континуитет на активностите кои секојдневно се реализираат на терен. Коњановски истакна дека Битола во изминатите четири години беше едно градилиште и посочи дека истата ќе продолжи да се гради и развива не само инфраструктурно, туку и во делот на културата и спортот чии впрочем и обележја се на градот Битола. Коњановски во продолжение го елаборираше и проектот за топлификација на…
„После 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нам и на сите граѓани во наследство ни остана опустошен и обезличен град, запуштени и запоставени села, осиромашени граѓани. Наместо ред, донесоа хаос. Наместо подобар живот, поскап живот“, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, на граѓанска трибина. Таа истакна дека цените на водата, данокот на имот, комуналиите, градскиот превоз и паркингот значително се зголемија, додека финансиската состојба на јавните претпријатија е влошена и денес имаат долг од над 2 милиони евра. „Партиските директори од тефтерчето на Проданоски ги доведоа претпријатијата пред банкрот и удрија по џебот на граѓаните. Тандемот Јовчески–Проданоски има директна…
„Денес гледаме власт што не знае што значи државност. Власт што секој ден го понижува трудот на обичниот човек, што се однесува со институциите како со партиски штабови. И кога ќе ги слушнете нивните празни говори, запомнете едно – луѓе без визија и резултати секогаш зборуваат најмногу за минатото и за противникот, затоа што резултати немаат, а иднината им е неизвесна,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанска трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која синоќа се одржа во Прилеп. Тој нагласи дека по повеќе од една година власт, ВМРО-ДПМНЕ и…
На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе најавија активности во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино. Левица, исто така, ќе се обрати пред граѓаните во Росоман и Кавадарци каде ќе се обратат претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителите на листа,…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 8 степени, а попладне таа ќе се искачи до 20 Целзисуови степени. Како што најавуваат од УХМР, следните три дена во државава…
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски денес беше во посета на Гевгелија. -Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште во првиот круг и дека навистина проектите коишто ги започнавме ќе ги продолжиме да ги реализираме во годините коишто се пред нас. Со задоволство можам да кажам дека реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти кои што се финансирани од страна на Министерството за транспорт, каков што е овој Западен булевар, на кој што се наоѓаме во моментов, рече тој. Николоски најави и нови проекти коишто се планирани за следниов период. -Завршена е постапката за…
