Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. „Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ. Нека овие светли празнични денови Ви донесат добро здравје, духовен мир и радост, исполнувајќи ги Вашите домови со спокој, љубов и топлина. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и…

Повеќе

Поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општина Пробиштип добија кривични пријави поради „несовесно работење во службата“. Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Б.С.(61), Ј.Д.(53) и Д.А.(44), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2023 година, првопријавениот, раководител на Одделение за урбанизам во општина Пробиштип и второпријавената, советник за урбанизам, градежништво и издавање на одобренија за градење во Одделението за урбанизам во општина Пробиштип извршиле повреда на законските прописи при спроведување на управна постапка по однос на претходно поднесено барање…

Повеќе

Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не е реформа. Тоа е политичка шминка. Обид да се создаде впечаток дека нешто се менува, додека суштински, ништо не се менува.Проблемот е во владата како целина, во нејзината неспособност, недостиг на визија и бегање од одговорност, се менува Муртезани ама изолацијата од ЕУ останува, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница. Таа нагласи дека додека Муртезани се жртвува за јавноста, неспособните министри остануваат на своите функции и продолжуваат да ја губат довербата на граѓаните. „Ова е класичен пример на политички театар: една жртва за да се сочува системот…

Повеќе

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува.Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.Дали Филипче има контрола и…

Повеќе

Вчера во 08:00 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено починато 15-годишно дете од Гостивар. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Повеќе

Неправосилно осудениот Љупчо Палевски и тројцата соучесници во грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годиниот Панче Жежовски од Велес, поднесоа жалби против доживотните затворски казни, пренесува СДК.мк. Според информациите на порталот, тие од Апелациониот суд Скопје не бараат ослободителни пресуди, туку укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката отпочеток, во Кривичниот суд Скопје. Судија-известител од Скопска апелација за овој предмет е Ѓоко Ристов. Судијата вели дека не знае детали од поднесените жалби, бидејќи како стигнал предметот минатата недела, така веднаш бил комплет пратен во Вишото јавно обвинителество (ВЈО) Скопје на мислење. За кривичните дела…

Повеќе

Вчера околу 14:10 часот на граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(28) од Грција. При преглед во возило „хјундаи“ со грчки национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, во неговиот личен багаж се пронајдени и одземени некоку пакувања со марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзорво 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.„Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“. На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција. Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.   

Повеќе

Вчера околу 08:35 часот, на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.В.С.(38) од Германија. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе