- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 04
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крушевац го уапсија Ј. Б. (32) од овој град, под сомнение дека извршил кривично дело убиство. Според официјалното полициско соопштение, трагедијата се случила денес во семеен дом во Крушевац. Се сомнева дека 30-годишниот Ј. Б., по вербален конфликт, смртно ја повредил својата 59-годишна мајка со нож. Несреќната жена починала од повредите на местото на настанот. Полициски патроли и екипи на брза помош излегле на местото на настанот веднаш по пријавата, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. На местото на злосторството е спроведена истрага, предводена од дежурниот обвинител. „На осомничениот му е…
По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се обновува неврохируршката служба. Во рамки на обновената работа, денеска се успешно оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал – соопшти ГОБ „8-ми Септември“. Интервенциите, како што информираат, се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба. ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги и обезбедување континуирана, современа и квалитетна неврохируршка здравствена заштита. Со повторното активирање на Неврохируршката служба, појаснуваат, пациентите ќе имаат пристап до дијагностика, оперативен третман и…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади, оценувајќи дека таков потег би бил премногу радикален и би можел да значи мешање во основните слободи. „Премногу е радикално кога државата се одлучува на чекор да забрани некоја алатка, бидејќи доколку би тргнале да се движиме во таа насока, тогаш можеме да стигнеме и до нарушување на правото на слободен избор и на слободен говор“, изјави Андоновски одговарајќи на новинарско прашање, откако повеќе држави низ светот почнаа да ја воведуваат или разгледуваат оваа мерка. Сепак, тој додаде дека Владата…
Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица. Ова покажува дека СДС или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.И.(49) од с.Калиманци, виничко и А.А.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“, против Ј.П.(59) од Виница, управител на правно лице од Виница, за „несовесно работење во службата“, против С.Ѓ.(64) од с.Лески, виничко, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“ во Виница, за „продолжено кривично дело“ во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, против Љ.В.(63) од Виница, вработен во ЈП „Национални шуми“ -…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Како што информираат од полицијата, тетовецот на 08.01. годинава изнајмил возило од рент а кар компанија од Скопје и требало да го врати за три дена, но во меѓувреме го продал на друго лице
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска ја најави втората фаза од синдикалниот отпор. Утре, точно во 12 часот, синдикалците ќе ја блокираат раскрсницата пред Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, во знак на револт поради игнорирањето на работничките барања. Клучните барања на ССМ остануваат непроменети: итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. „Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои одбија да ги зголемат платите, а кукаат дека квалификуваните работници им заминуваат. Нема да дозволиме работниците да…
Во Основниот кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде словенечкото вешто лице Маја Равник изнесе фрапантни детали за начинот на кој биле третирани дел од пациентите на клиниката. Според нејзините наоди, кај пациенти била воведувана имунотерапија без потребни молекуларни анализи, што директно довело до прогресија на болеста и влошување на состојбата. Равник посочи случаи каде пациентка истовремено била лекувана за два типа рак без потврда кој е активен, како и давање хемотерапија во терминална фаза. „Воведената терапија била несоодветна, болеста не била под контрола и тоа довело до дополнително влошување на состојбата заедно со прогресот на болеста“, истакна…
Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Денес Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари значајна, работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Канел, која претставува уште еден чекор кон јакнење на традиционално добрите и пријателски односи меѓу институциите. На средбата беа разменети ставови и идеи за продлабочување на соработката преку заеднички проекти, со фокус на образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии. Беше нагласена важноста на партнерскиот пристап, иновативните решенија и долгорочната визија, како основа за одржливи политики и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, при што беше изразена подготвеност за реализација на нови заеднички иницијативи од заемен интерес.
