Close Menu
Press24
    Најново

    Стари долгови ја закочија продажбата на луксузното „ауди“ на Мерко

    12.03.2026 во 17:43

    Мицксоки на комеморативната седница: Се сплотуваме во тагата

    12.03.2026 во 17:37

    Министерството за дигитална трансформација одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите

    12.03.2026 во 17:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стари долгови ја закочија продажбата на луксузното „ауди“ на Мерко
    • Мицксоки на комеморативната седница: Се сплотуваме во тагата
    • Министерството за дигитална трансформација одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите
    • Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот – тројца повредени
    • Пијан скопјанец со „форд“ се забил во полициска „шкода“ – три лица пренесени во болница
    • МНР: Евакуирани 458 лица со четири летови од Блискиот Исток
    • Хаос на патиштата низ Македонија: Деца возат автомобили и мопеди, приведен тракторист со речиси 3 промили алкохол
    • Претепани сопруги и родители: 11 пријави за семејно насилство за еден ден, четворица завршија зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Нема да има забрана за социјалните мрежи за децата, тоа е радикален потег

    Андоновски: Нема да има забрана за социјалните мрежи за децата, тоа е радикален потег

    11.02.2026 во 16:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади, оценувајќи дека таков потег би бил премногу радикален и би можел да значи мешање во основните слободи.

    „Премногу е радикално кога државата се одлучува на чекор да забрани некоја алатка, бидејќи доколку би тргнале да се движиме во таа насока, тогаш можеме да стигнеме и до нарушување на правото на слободен избор и на слободен говор“, изјави Андоновски одговарајќи на новинарско прашање, откако повеќе држави низ светот почнаа да ја воведуваат или разгледуваат оваа мерка.

    Сепак, тој додаде дека Владата и Министерството остануваат отворени за дискусија доколку се појави иницијатива за уредување на ова прашање.

    Изјавата на министерот доаѓа во рамки на голем настан организиран по повод Меѓународниот ден на побезбеден интернет во ООУ „Кире Гавриловски – Јане“ во Прилеп, во соработка со Општина Прилеп и проектот МКСафеНет.

    Андоновски нагласи дека ова е втора година по ред како Министерството го одбележува Денот на побезбеден интернет, со цел подигање на свеста кај најмладите за одговорно и безбедно користење на интернетот. Преку проектот, досега се опфатени над 70 училишта низ државата, а на родителите и наставниците им се доставени алатки и упатства преку Министерството за образование за тоа како да воспостават поголема контрола и заштита врз децата во дигиталниот простор.

    Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, се заблагодари за соработката и ја истакна поддршката од Министерството за дигитална трансформација, посочувајќи дека Прилеп е меѓу приоритетите на ресорното министерство.

    Како пример, го посочи новиот Центар за услуги на Министерството, отворен во просториите на даночната управа, каде граѓаните отсега ќе можат и физички да пристапат до услугите достапни преку порталот uslugi.gov.mk.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.