Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Виница: Падна осумчлена група за бесправна сеча, вмешани и вработени во „Национални шуми“

    Виница: Падна осумчлена група за бесправна сеча, вмешани и вработени во „Национални шуми“

    11.02.2026 во 15:47Updated:11.02.2026 во 15:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.И.(49) од с.Калиманци, виничко и А.А.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“, против Ј.П.(59) од Виница, управител на правно лице од Виница, за „несовесно работење во службата“, против С.Ѓ.(64) од с.Лески, виничко, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“ во Виница, за „продолжено кривично дело“ во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, против Љ.В.(63) од Виница, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“, за „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.П.(64) од Виница, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“, за „несовесно работење во службата“, против З.С.(66) од с. Јакимово, виничко, за „продолжено кривично дело“ во врска со „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ и против Т.М.(71) од с.Крушево, виничко, поради постоење основи на сомнение за „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

    Прво и второпријавениот Г.И. и А.А., во периодот од јуни 2024 година до февруари 2025 година, извршиле бесправна сеча на 1.108 стебла, односно 44,32 кубни метри дрво на катастарски парцели сопственост на четири физички лица и дел во државна сопственост со што направиле штета од 310.240 денари. Третопријавениот Ј.П., како управител на правниот субјект, постапил несовесно и извршил обележување на границите на парцела, навлегувајќи во соседните парцели во вкупна површина од 4.080 метри квадратни. Четвртопријавениот С.Ѓ., како референт за превоз, за исечената и извезената дрвна маса, впишал и издал осум приемници за дотур и 26 испратници за превоз на дрво и без овластување извршил ознака за сеча со несоодветен чекан. Петтопријавениот Љ.В., извршил увид на шумата на целокупната претходно обележана површина за сеча, за што изготвил Записник за извршен теренски увид на лице место, по што било изготвено Одобрение за сеча на огревно дрво. Шестопријавениот Б.П., одговорно лице во Подрачното шумско стопанство „Плачковица“, одобрение го потпишал без да изврши контрола за преземените активности. Додека, седмо и осмопријавените З.С. и Т.М., врз основа на издадените испратници за превоз на огревно дрво, со две товарни возила извршиле превоз без да поседуваат лиценца и извод од лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.