Author: Author 04

Победничката на „Задруга 1“, медиумската личност Кристина Кија Коцкар, откри дека мора да се оперира. Утрово ја посети болницата каде што ѝ беа направени бројни тестови, а сега проговори и ги објави резултатите. Во својата изјава, таа се осврна и на својата поранешна пријателка, пејачката Катарина Живковиќ. Тукушто добив е-пошта со резултатите од сите триесетина тестови од утрово. Фала му на Бога, сè е во ред и можеме да закажеме операција. Секако, не бев рамнодушна кон фактот дека морав да молчам за некои приватни работи, додека јавно бев нападната како жена, од жена, додека лаги измислуваа од беспомошност – рече…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(29) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство“. На 19.02.2025, пријавениот оштетил кров на куќа, а потоа во нејзиниот двор физички ја нападнал Т.Д., при што употребил стаклен предмет.

Повеќе

СВР Штип поднесе кривична пријава против М. Е. (43) од Штип  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување на општа опасност“. На 24.09.2025 година во село Љуботен, штипско, пријавениот запалил оган во дворот на семејната куќа и си заминал без да го локализира местото, по што подоцна огнот повторно се запалил и зафатил две соби од подрумски дел од куќата на пријавениот,  како и делови од две соседни куќи,  гаража и околу пет хектари со нискостеблести растенија, шума и сува трева.

Повеќе

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва (маркети) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) учествувале во забранет договор или усогласено однесување. Како што информира КЗК, на состанок одржан на 5 февруари 2025 година, учесниците постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите. Ова претставува замена на независното пазарно однесување со практична координација.Изречени се прекршочни глоби во износ од 50.000 евра за секое од трговските друштва, односно маркети, додека на Сојузот на стопански комори на Македонија е изречена глоба во износ од 18.500 евра.

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 18:30 часот во установата тројца осуденици физички го нападнале осуденикот И.И.(61) од с.Челопек, тетовско, а при тоа употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот. Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на инспекторатот, рече Костадиновска Стојчевска и побара буџетот за оваа институција да се врати на износот од 2.033.000 денари, колку што изнесуваше во буџетот за 2025 година. -Со намалениот износ не е можно да се обезбеди вработување на потребниот број…

Повеќе

Инцидент со сомнително труење на група ученици се случи во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае. Според информации на НетПрес, меѓу засегнатите деца е и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Неофицијални извори наведуваат дека ученикот бил хоспитализиран со симптоми на затруеност и покачена телесна температура. Во моментов, неговата здравствена состојба е стабилна и подобрена.

Повеќе

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.И.(62) од Скопје пријави дека на 23.11.2025 околу 17:00 часот на подрачјето на Кисела Вода едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на изразување, владеењето на правото и борбата против корупцијата, напредокот во пристапните преговори, добрососедските односи и регионалната стабилност, како и на прашањата од областа на животната средина, транспортот, енергетиката, инфраструктурната поврзаност, дигитализацијата и вештачката интелигенција. Во своето обраќање,…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Националната стратегија за соработка со дијаспората, оценувајќи ја како „пресвртница“ и „сериозен обид“ за зајакнување на односите со иселеништвото. Претседателката изнесе клучни забелешки и предлози за нејзино успешно спроведување: Претседателката исто така укажа на потребата од преиспитување на Изборниот законик за да им се овозможи на иселениците да го уживаат уставно загарантираното избирачко право.

Повеќе