- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците, велат од ВЛЕН. „НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин…
Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од улиците „Михаил и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во периодот од 10.00 до 13.00 часот.
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со посебно внимание на интензитетот на врнежите, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На одредени места, врнежите се очекува да бидат пообилни, со наврнат талог од над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Овие услови носат и можност за појава на невреме, проследено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот, се прогнозира умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина може да надмине 60 километри на час. Минималните температури во земјата ќе се движат во интервалот од 8 до 12 степени, додека максималните дневни…
Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година нагласи дека за време на владеењето на СДС биле предложени законски решенија преку кои биле поставувани партиски кадри во Судскиот совет, институција која ги избира, именува и казнува сите судии во државата. „Во Собранието предлагавте законски решенија, во кој што стававте партиски кадри, од Судски совет, тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија“, вели Пренџов. Пренџов посочи дека во изминатите 30 години, кога СДС биле на власт, немало реализирани капитални проекти, а криминал и корупција се заканувале и го…
Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат. ,,Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, заедно сопретседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед Бин Мохамед Алџарван, гопотпишаа Меморандумот за соработка помеѓу нашето Собрание и Меѓународниот парламент затолеранција и мир (IPTP).Овој Меморандум претставува важна институционална рамка која има за цел:-продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата,мирот и демократскиот дијалог;- редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP;-континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарнитепроекти на оваа организација;-координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите ипроектите од заеднички интерес. Инаку, Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна…
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане денеска спроведе несекојдневна интервенција, спасувајќи животно. Во 10:00 часот, вработени во основното училиште во село Младо Нагоричане (маало Ѓорговци) повикале помош откако забележале куче паднато во длабока шахта. ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари. Акцијата за спасување била успешно завршена до 11:00 часот.
Во полицијата во Скопје вчера попладне пријавила 34-годишна жена од скопско село дека претходната вечер, околу 19:30 часот, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 38-годишниот С.М., со кого во моментов се наоѓаат во бракоразводна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ш.Е. од Тетово, поради сомнение за кривичните дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 27 мај годинава, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга.
Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Куманово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(67) од село Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза’’. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 21.08.2025 на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што се пронајдени и одземени 562 кутии цигари со странски бандероли, 17 кутии и седум кеси со тутун, 22 машинки за правење цигари, 10 сим картички, 19 табакери и 18 кутии филтри за цигари, за кои не приложил соодветна документација за платени акцизни давачки и документација за потекло за стоката.
