- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Овие три знаци влегуваат во декември со јасна предност. Тие гледаат побрзо темпо, повеќе можности и чувство дека работите конечно се вртат во насоката што ја чекале. Сè што подготвувале за годината сега се остварува, и тоа многу видливо. Лав За Лавовите, декември носи напредок што нема никаква врска со драма или докажување на себеси. Ова е враќање кон личната јасност, таа чиста енергија што е растегната во сите правци во последните месеци. Во текот на годината, можеби сте ја потрошиле вашата сила на очекувањата на другите луѓе или сте се обиделе да оправдате работи што воопшто не биле ваши.…
Нацрт-текстот на Стратегијата за образование 2026 – 2032 денеска беше претставен во Владата на валидациска работилница. Од денеска, нацрт-верзијата ќе биде поставена на националниот систем на прописи ЕНЕР, со што започнува широка јавна расправа за усвојување на финалниот документ. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека стратегијата е продолжување на реформите, со фокус на подобрување на квалитетот на образованието на сите нивоа. Клучни точки на стратегијата: Јаневска повика целата јавност да се вклучи во дебатата за да се креира поквалитетен стратешки документ.
Македонија повторно се наоѓа во изолација, велат од СДСМ. „Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека целиот регионот напредува. Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата. Власта вели „не е време за реформи“ и ја турка земјата во опасен правец. Тоа е истиот рецепт што Груевски го применуваше пред бегството во Будимпешта. Наместо партнерство со нашите сојузници не се случува ништо, не сме во периметарот на ниту еден наш стратешки партнер. Секојдневно станува сè…
Алпскиот регион беше погоден од екстремно студена ноќ во која температурите драстично паднаа. Студениот бран не ги погоди само планинските подрачја, минусот се почувствува и во низините, каде што живата во термометарот падна на -7 степени. Најниската температура во Франција е забележана во алпската општина Ле Понте, каде што се измерени -27 степени. Во соседна Германија, во покраината Баден-Виртемберг, утринските мерења покажаа -24,1 степени. Сепак, најдрастичниот пад на температурата се случи во Швајцарија. Градот Ле Бревин забележа -26,3 степени Целзиусови, додека областа Сагистала регистрираше екстремен студ од дури -36,8 степени, што е меѓу најниските вредности измерени во Европа оваа сезона.…
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот. Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал. Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
Православните верници денеска слават празник посветен на славата на светиот крал Стефан Дечански, но на овој ден паѓа и уште еден празник и славата на некои домаќини Свети Мина. Свети Мина по професија бил војник, со египетско потекло. Како вистински христијанин ја напуштил војската и отишол во планините. По извесно време свети Мина се спуштил во градот – Катунија и пред насобраниот народ ја објави својата вера во Христа. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Египет, името ми е Мина, бев офицер, но кога…
Од 15 ноември 2025 година е задолжително поседувањето на зимска опрема во возилата. Оваа обврска е од суштинско значење за безбедноста на патиштата, а нејзиното непочитување се казнува со глоба од 45 евра. За патничките возила (до 3.500 кг), возилата мора да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри. Доколку се користат летни пневматици, тие исто така мора да имаат шара од најмалку 4 мм, но возачот задолжително мора да поседува синџири за снег кои одговараат на погонските тркала. За тешките возила (над 3.500 кг) и возилата со 4х4 погон, минималната длабочина на…
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, се наведува во соопштението од СДСМ. „Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо. Тоа е срам, тоа е навреда за 3.000 потенцијални нови бизниси, за 10.000 работни места кои сега се блокирани, и за сите земјоделци кои со години вложуваат труд, кредити и лични пари за да ги реализираат своите…
Следен и последен неработен ден е 8 декември(понеделник) – што е и последен продолжен викенд годинава.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ За граѓаните припадници на бошњачката…
Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа. Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.…
