- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете’’. На 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Вчера во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с.Беловиште, гостиварско. Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари. Исто така, тој се сомничи дека дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен правец.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Скопје го промовираше Ресурсниот центар за поддршка на општините, кој ќе обезбеди стратешка поддршка, експертиза и инструменти за подобра имплементација на децентрализацијата и рамномерниот регионален развој. Според премиерот, Центарот е одговор на реалните предизвици со кои се соочува локалната самоуправа во управувањето со ресурсите и создавањето локален економски развој. „Зајакнувањето на општините не е трошок, тоа е инвестиција. Инвестиција во подобар живот, во одржлив развој, во стабилност на локалните заедници и во функционална држава што знае каде оди и што гради“, истакна Мицкоски. Премиерот нагласи дека силните и стручни локални власти се најблиску…
Ве известуваме дека Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, денес поднесовме Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.„Анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери,носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврдиоколностите за постапувањето на институциите за следните трагедии/несреќи: Стојаноски истакна дека секоја пратеничка група има право да предложи листа од сведоци и експерти.„Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија има…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса…
Вчера околу 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес кај осуденикот М.К.(38), кој се вратил од викенд отсуство, пронајдени се и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,756 ден/кг и сега ќе изнесува 34,865 ден/кг.Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени…
