Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса потекнува од шума во сопственост на Република Северна Македонија.
- НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
- Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
- Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
- САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
- Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
- Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
- Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
- „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

