Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55% во однос на одлуката од 17.11.2025 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,756 ден/кг и сега ќе изнесува 34,865 ден/кг.
Од 25.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
- Утре планирани прекини на струја во повеќе скопски населби
- УХМР со метеоаларм: Утре следуваат високи температури
- Тошковски: Околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште
- Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата
- Николоски: Со автопатот Скопје – Блаце ја реализираме визијата Македонија да биде раскрсница на Балканот
- Мицкоски за изградбата на автопатот Скопје – Блаце: По повеќе од 20 години проектoт станува реалност
- МЗШВ: Исплатени се над 15,3 милиони денари за органско производство на 987 земјоделци
- Поставен е камен-темелник за автопатот Скопје–Блаце: Николоски најави посилно регионално поврзување

