Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОБСЕ, ОН и ЕУ на дебата за измени на Законот за народниот правобранител
    • Се слави Светиот апостол Јаков Алфеев – Ден посветен на верата, молитвата и добрите дела
    • Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк
    • Тмурно и врнежливо низ Македонија, УХМР ги измери утринските температури – Од попладне „потоп”
    • Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања
    • На продажба станови, деловен простор и возила – УЈП денеска со онлајн аукција
    • Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје
    • Над 120 амандмани на маса – Расправа за вториот ребаланс на Буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите

    ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите

    24.11.2025 во 09:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа.

    Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.

    СДС молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на пензиите од 7000 денари.

    Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите.

    Токму поради тоа, неопходни се реформи во правосудството, за да се обезбеди поефикасен и праведен систем неопходно е да се врати  довербата на граѓаните во институциите.

    Граѓаните заслужуваат транспарентно, независно и ефикасно правосудство ослободено од партиските стеги и било какви партиски интервенции.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани за раст на пензиите, платите и подобар животен стандард на сите граѓани“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.