Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОБСЕ, ОН и ЕУ на дебата за измени на Законот за народниот правобранител
    • Се слави Светиот апостол Јаков Алфеев – Ден посветен на верата, молитвата и добрите дела
    • Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк
    • Тмурно и врнежливо низ Македонија, УХМР ги измери утринските температури – Од попладне „потоп”
    • Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања
    • На продажба станови, деловен простор и возила – УЈП денеска со онлајн аукција
    • Николоски, Рокас и Дрекслер на дебата во Скопје
    • Над 120 амандмани на маса – Расправа за вториот ребаланс на Буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муртезани во Стразбур: Реформите од Планот за раст се клучен приоритет во европскиот процес

    Муртезани во Стразбур: Реформите од Планот за раст се клучен приоритет во европскиот процес

    26.11.2025 во 17:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на изразување, владеењето на правото и борбата против корупцијата, напредокот во пристапните преговори, добрососедските односи и регионалната стабилност, како и на прашањата од областа на животната средина, транспортот, енергетиката, инфраструктурната поврзаност, дигитализацијата и вештачката интелигенција.

    Во своето обраќање, министерот Муртезани се осврна на клучните приоритети на државата во европскиот процес, нагласувајќи ја посветеноста кон реформите во рамките на Планот за раст и Реформската агенда. Тој истакна дека земјата продолжува со имплементација на суштинските реформски чекори, како и со подготовката на значајни инвестиции што ќе ја зацврстат економската и институционалната усогласеност со Европската Унија. Муртезани се осврна и на оценките од Годишниот извештај на Европската комисија за 2025 година, посочувајќи дека извештајот го потврдува континуираниот напредок на Северна Македонија и дека препораките на Комисијата веќе се вградени во националното планирање.

    Прочитај повеќе

    ОБСЕ, ОН и ЕУ на дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    22.10.2026 во 08:40

    Се слави Светиот апостол Јаков Алфеев – Ден посветен на верата, молитвата и добрите дела

    22.10.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.