Author: Author 03

Православните верници на 6 мај го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви. Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати. Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како…

Повеќе

Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина, јавија иранските медиуми. За новиот механизам формирано е ново тело наречено Управа на Персиски Залив (Persian Gulf Strait Authority). Сите пловни објекти кои планираат да поминат низ Ормуска Теснина ќе добијат електронска порака од Управата на Персиски Залив, во која ќе бидат наведени новите правила и прописи. Предвидено е бродовите пред влегување во Ормуска Теснина да добијат посебна дозвола за транзит. Претходно, САД најавија операција Проект слобода, со цел да обезбедат сигурен премин на бродовите низ Ормуска Теснина. На тоа денеска реагираше морнарицата на Иранска револуционерна гарда, предупредувајќи…

Повеќе

Не сте премногу чувствителни — можеби само предолго ве земаат здраво за готово Кога љубовта е здрава, не мора постојано да молите за внимание, почит и место во нечиј живот. Партнерството не значи едниот да носи сè на грб, а другиот само да ужива во удобноста што му ја создавате. Ако сè почесто се чувствувате како споредна улога во сопствената врска, време е да погледнете малку поискрено што навистина се случува. Во секоја врска има периоди кога едниот партнер е посилен, постабилен или поприсутен. Животот носи стрес, обврски, проблеми и моменти кога некој мора повеќе да даде. Но, кога тоа…

Повеќе

Илија Гигов од Велес пронашол книшка со 46.000 денари на пат кон училиште, во близина на Стопанска банка, пренесуваат локалните медиуми од Велес. Според информациите, наместо да ја задржи пронајдената сума, Илија веднаш постапил одговорно. Најпрво ги известил своите родители, а потоа случајот го пријавиле во полиција, покажувајќи зрелост и високо чувство за чесност и морал и покрај неговата млада возраст. Благодарение на неговата брза реакција и правилна постапка, парите биле пронајдени и вратени кај вистинскиот сопственик. Случајот е оценет како редок и позитивен пример кој ја нагласува важноста на воспитувањето, одговорноста и човечноста кај младите. Како што пренесуваат локалните…

Повеќе

Британскиот бенд „Ролинг стоунс“ објавија нова песна, уште еднаш најавувајќи го својот нов албум. Песната е наречена „Во ѕвездите (In the Stars)“. А пак, aлбумот, насловен „Странски јазици (Foreign Tongues)“ излегува на 10 јули. – Обожавам кога ги правам овие снимања во Лондон, во Метрополис. Тоа беа многу интензивни неколку недели снимање на албумот. Имавме 14 одлични песни и работевме најбрзо што можеме, рече фронтменот на рок-составот, Мик Џегер. Според британските медиуми, новиот албум ќе содржи и снимка од покојниот Чарли Вотс, долгогодишниот тапанар на бендот. Последниот албум на бендот беше „Хакни дајмондс (Hackney Diamonds)“ од 2023 година.

Повеќе

Воената команда на Иран „Хатам ал Анбија“ соопшти дека изминатите денови не извршила напади врз Обединетите Арапски Емирати, но предупреди на „жесток одговор“ доколку ОАЕ преземе какви било мерки против Иран. ОАЕ претходно соопштија дека втор ден се цел на напади од Иран, по четиринеделното релативно примирје помеѓу САД и Иран. ОАЕ тврди дека вчера пресретнала 12 балистички ракети, три крстосувачки ракети и четири дронови лансирани од Иран. Во вчерашните напади со дрон беше погодено нафтено пристаниште Фуџаира, при што се повредени тројца индиски државјани.

Повеќе

Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег, порача вечерва од Брисел министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој се обрати пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија. Љутков се осврна и на „Денот на македонскиот јазик”, во чија чест, рече, и се обраќа на својот мајчин, македонски јазик. Секој народ, потенцира министерот,…

Повеќе

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ја анализира можноста породилното отсуство да се продолжи на 12 месеци, како дел од поширока проценка на системот за боледувања и породилни права. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, посочува дека процесот е сè уште во фаза на анализа и дека клучно ќе биде да се утврдат и финансиските импликации, како и реалните ефекти врз здравствениот и социјалниот систем. Анализи за боледувањата пред и по породување Според Клековски, Фондот истражува колку боледувањата пред и по породувањето се поврзани со самата бременост и дали постои потреба од системски измени. „Се обидуваме низ анализата да видиме колку се тие…

Повеќе

Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани пет пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, информираат од МВР. Како што соопштија од Министерството, вчера во 15:30 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани по нејзиниот живот и животот на нејзини блиски.Во населбата „Бањешница“ во Гостивар, вчера во 21:10 часот, полициски службеници го привеле Ѓ.Ш. (35) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава за агресивно однесување…

Повеќе

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање, Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. – Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние сме горди што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните…

Повеќе