- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Пред малку, на денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел, претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на знамето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец!, информираат од Левица. Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување на кривично дело или прекршок – тој беше грубо оттурнат и со лисици однесен во полициска станица. Во целиот чин, ниту еден од полициските службеници не се легитимираше. И додека на ДПМНЕ и на министерот Панче Тошковски им “се провлекуваат“ и им бегаат вистински криминалци, полицијата под…
Професорите ја реизбраа Билјана Ангелова, актуелната ректорка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на денешните избори за прв човек на најстариот универзитет во земјава, пренесува Радио Лидер. Како што информираат за Радио Лидер извори од изборната комисија, Ангелова освоила 2924 поени, наспроти нејзиниот против кандидат Дарко Данев кој освоил 2675 поени. Биљана Ангелова е родена во Скопје. Додипломски и последипломски студии завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и докторирала во 1999 година на Економскиот факултет.
Секој сам бира на која страна ќе застане, на правилната со работниците или на погрешната против работниците! Денеска на протест, за три дена, на нов протест. Кој е вашиот изговор?, прашува претседателот на Синдикатите Слободан Трендафилов на ФБ.
Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, во екот на своите државнички активности, сподели лична приказна која го поврзува неговото семејство со британскиот трон. Трамп откри дека неговата мајка, Мери Ен Меклауд, имала огромна симпатија кон британската монархија, а особено кон кралот Чарлс Трети. Додека светот ги следи неговите политички потези од Белата куќа, Трамп се наврати на моментите од неговата младост и на фасцинацијата која владеела во неговиот дом кон кралското семејство. „Тој е толку сладок“ – Емоциите на Мери Ен за Чарлс Претседателот Трамп со голема доза на носталгија се присети како неговата мајка, со потекло од Шкотска, со воодушевување…
Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во „состојба на колапс“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Трут Соушл. „Тие сакаат што поскоро да ја ’отвориме Ормуската Теснина‘, додека се обидуваат да ја сфатат ситуацијата со нивните власти (што верувам дека ќе можат да го сторат!)“, додаде Трамп. Светските агенции коментираат дека засега не е јасно како Иран ја пренел пораката до САД.
Турскиот парламент официјално го усвои новиот закон со кој се забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15-годишна возраст. Оваа радикална мерка доаѓа како одговор на растечката загриженост за безбедноста на малолетниците во дигиталниот простор и нивното ментално здравје. Клучни промени и обврски за платформите Според новата регулатива, гигантите како TikTok, Instagram и YouTube ќе мора да воведат софистицирани системи за верификација на возраста. Доколку корисникот е под 15 години, платформата нема да смее да му дозволи отворање профил. Дополнително, компаниите се обврзани да воведат: Што велат официјалните лица? Претседателот Реџеп Таип Ердоган беше дециден во својата изјава по…
Претседателот на Собрание, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собрание на Република Словенија, Зоран Стевановиќ. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, биле потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес. Стевановиќ ја истакнал посветеноста на продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и ја потврди силната поддршка на Словенија за европската интеграција на Македонија. Од своја страна, претседателот Гаши изразил благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот на реформите и европската интеграција,…
Градските власти започнаа сеопфатна реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со фокус на унапредување на безбедноста и квалитетот на јавниот простор. Во тек е уредување на пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров“, во должина од 4 километри – значајна делница што секојдневно ја користат голем број граѓани. Проектот опфаќа целосна обнова на постојната инфраструктура, како и паралелно создавање зелени коридори со нови дрвја и уредени зелени површини, со цел подобрување на животната средина и условите за движење. Со оваа акција, Скопје продолжува да се развива како модерен и функционален град, насочен кон потребите на граѓаните, со приоритет на безбедноста, пешачењето…
Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во единствена политичка партија чии копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Како што беше најавено на денешниот брифинг со новинарите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, со рамномерна распределба од по 20 отсто за сите пет политички партии кои моментално се дел од коалицијата. Претставниците на „Вреди“ очекуваат по формализирањето на партијата да се приклучат и други организации, партии или членови и нагласуваат дека поканата е отворена за сите, со исклучок на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Но,…
Вршителот на должноста државен обвинител на САД, Тод Бланч, изјави дека истражните служби веруваат дека цел на човекот што пукаше за време на вечерата на претседателот Доналд Трамп со дописниците од Белата куќа, биле претставниците на администрацијата, но и самиот претседател. – Се чини дека навистина цел му биле луѓето што работат во администрацијата, веројатно вклучувајќи го и претседателот, рече Бланч за NBC News. Бланш додаде дека осомничениот за нападот веројатно патувал со воз од Лос Анџелес до Чикаго, а потоа оттаму до Вашингтон. Главниот обвинител, исто така, изрази увереност дека посетата на британскиот крал Чарлс III на Вашингтон ќе…
