Author: Author 03

Во ненадеен дипломатски исчекор што ја изненади светската јавност, Русија и Украина постигнаа договор за привремен прекин на огнот. Според официјалните информации, примирјето со времетраење од 32 часа стапува на сила денеска, во попладневните часови. Овој потег се оценува како обид за создавање „хуманитарен простор“ за време на претстојните велигденски празници. Целта – мир и хуманитарна помош Примирјето, кое ќе биде со ограничен временски рок, има за цел да овозможи евакуација на цивили од најзагрозените зони, како и доставување на неопходна хуманитарна помош во регионите каде што борбите беа најинтензивни во изминатиот период. Иако во минатото ваквите обиди за прекин…

Повеќе

По една од најризичните и најпрецизните мисии во модерната вселенска ера, астронаутите од мисијата „Артемис II“ успешно слетаа на Земјата. Со овој подвиг, НАСА ја потврди исправноста на новите технологии наменети за враќање на човекот на Месечината и долгорочно истражување на вселената. Безбедно „приземјување“ во Тихиот Океан По напуштањето на Месечевата орбита и поминувањето низ критичниот дел од влегувањето во Земјината атмосфера, капсулата „Орион“ со екипажот успешно се спушти во водите на Тихиот Океан. Спасувачките екипи, кои со денови ја следеа траекторијата, веднаш реагираа за да ја обезбедат капсулата и да извршат екстракција на астронаутите. Почеток на нова ера во…

Повеќе

Почитувани придутни: Во атарот на селото повторно се појави мечката(мече) па должни сме да ве ПРЕДУПРЕДИМЕ за внимателно однесување при средба со неа, информира на социјалните мрежи Борис Гиновски. Имено не викајте по неа,не мавтајте,не ја нудете со некаква храна,не и се приближувате и останете не заинтересирани без брзи покрети или трчање,полека оддалечете се без паника. Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи што не значи дека може да се појави и во близина на селото. Ве молиме сериозно да го прифатите ова предупредување. Во прилог фотографии од мечето.

Повеќе

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 00 часот и 22 минути, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.1.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Повеќе

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката,…

Повеќе

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: булеварит „Партизански Одреди“ од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосница со булеварор „ВМРО”; булеварот „Св.Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улицата…

Повеќе

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени. УХМР најавува дека утре и задутре следува преодна стабилизација на…

Повеќе

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) по подолг период повторно е фотографиран во Националниот парк „Шебеник” од страна на вработените во Управата за заштитени подрачја во Елбасан. Националната агенција за заштитени подрачја објави дека преку поставените камери, идентификација на траги на терен и континуирани набљудувања од страна на специјалисти, било можно да се фотографира и документира, со што се потврдува неговото присуство во природните живеалишта на паркот.

Повеќе

Светските берзи денеска се во „црвено“, откако цената на нафтата од типот „Брент“ (нафтата од Северното Море) го проби психолошката граница од 100 долари за барел. Овој ненадеен скок предизвикува загриженост кај економистите и граѓаните, бидејќи директно влијае врз трошоците за енергија, транспортот и цените на основните производи. Што ја придвижува кривата нагоре? Аналитичарите посочуваат неколку клучни фактори за оваа ценовна ескалација: „Пробивањето на прагот од 100 долари е јасен сигнал дека пазарот е под огромен притисок. Ако ситуацијата не се смири, можеме да очекуваме сериозен инфлаторен удар врз глобалната економија во наредните месеци,“ велат експертите од енергетскиот сектор. Што…

Повеќе

На 09.04.2026 во Полициското одделение Нов Дојран, Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната.  Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за  неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.

Повеќе