Close Menu
Press24
    Најново

    Пукање во филипинскиот парламент

    13.05.2026 во 16:14

    Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник

    13.05.2026 во 16:04

    (ВИДЕО) Димитриевиќ: Мицкоски му диктира задачи на обвинителот

    13.05.2026 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пукање во филипинскиот парламент
    • Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник
    • (ВИДЕО) Димитриевиќ: Мицкоски му диктира задачи на обвинителот
    • Полициска акција низ Македонија: Приведени 13 возачи, само еден имал возачка
    • Јакимовски со нови докази за трагедијата во Кочани: Снимки потврдуваат како избил пожарот во „Пулс“
    • Приведени двајца возачи на мопеди: Едниот прегазил жена во Свети Николе, другиот со скоро 3 промили паднал во Куманово
    • Истрага за над 820.000 евра: Полицијата изврши разговор со три лица за тендерите во Министерството за земјоделство
    • Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков од Брисел: Да го чуваме македонскиот јазик, во него живее народот и трае Македонија

    Љутков од Брисел: Да го чуваме македонскиот јазик, во него живее народот и трае Македонија

    05.05.2026 во 21:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег, порача вечерва од Брисел министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој се обрати пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

    Љутков се осврна и на „Денот на македонскиот јазик”, во чија чест, рече, и се обраќа на својот мајчин, македонски јазик. Секој народ, потенцира министерот, ја носи својата душа во зборот, во песната, во јазикот што го зборува и што му дава име на светот околу него.

    -Вечерва, овде во Брисел, во  пријателска Белгија  пулсира македонскиот здив. „Деновите на македонската култура“ се отвораат како значајна врата кон нашиот културен свет, исполнет со танци, песна, боја и збор што носи длабока вредност. Секој мотив, секое движење, секој тон и секој стих го носат печатот на достоинство, траење и непоколеблив идентитет. Вечерва, музиката го презема зборот. Овде во култниот „Бозар“, Националниот џез донесува звук што произлегува од традицијата, а се претопува во современа, слободна и смела форма. Во неговите композиции одекнуваат мотиви од народната душа. Секој тон претставува дијалог, секој ритам е чекор напред, а секоја импровизација е доказ за жива и создавачка култура. Нека оваа вечер остане како сведоштво за култура што создава, дарува и трае, нагласи Љутков.

    Како што истакна, манифестацијата „Деновите на македонската култура“ во Белгија е многу повеќе од серија културни настани. Таа е вистинско присуство, трајна трага и отворена покана за нови средби и идни соработки, а Министерство за култура и туризам со голема чест и задоволство ја поддржува со што ја потврдува довербата во уметноста како најсилен јазик на меѓусебно почитување и соработка.

    -Нашата програма е богата и разновидна: Балетот на Националната опера и балет ја отвори сцената во Антверпен со „Лебедово езеро“. Филмската уметност беше претставена во Брисел со „Исцелител“ на режисерот Ставрески, а теракотните икони од „Виничко Кале“ ќе бидат изложени во Европскиот парламент, како силно сведоштво за древноста и трајноста на нашето културно наследство, напомена министерот.

    Во врска со македонскиот јазик, подвлече дека не се мери со бројот на говорници, туку со длабочината на љубовта што ја носи во себе, со вербата што ја чува, со силата што ја изразува.

    -Македонскиот јазик е присутен во секој искрен збор, во секое напишано писмо, во секој стих што го допира срцето. Да го чуваме. Да го негуваме со внимание и со почит. Да гоговориме со чистота и со гордост. Нека се пренесува како дар, како аманет, како светлина. Во него живее народот. Во него се огледува душата. Во него трае Македонија. Нашата душа е македонска, а нашиот јазик е македонски, јазик на вековите, јазик на истрајноста, јазик што ја вплел својата нишка во ткаенината на историјата, горделив, непореклив и непокорен, потенцира Љутков на манифестацијата во Брисел.

    Прочитај повеќе

    Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник

    13.05.2026 во 16:04

    (ВИДЕО) Димитриевиќ: Мицкоски му диктира задачи на обвинителот

    13.05.2026 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.