Author: Author 03

Очекуваме на следната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бенизните Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, рече денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицксоки. Како што посочи, максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, 84 денари на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари за литар, без попустите од ОКТА од 2 денара за бензините односно 3 денари за дизелот. Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, е врз основа направната анализа на движењата на цените…

Повеќе

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција. Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен Дака да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои Дака и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Комитетот за човекови права при Обединетите нации, со која се утврдува дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување, тешко дека ќе има суштинско влијание врз официјална Софија без посилен меѓународен притисок. „Јас не очекувам дека ќе има ефект врз политиката кај нашиот источен сосед, освен ако не се вклучи силна, робусна акција од Брисел“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека, според него, Македонија во изминатиот период добива сè повеќе меѓународна потврда за своите позиции, но оти тоа не значи автоматска промена на ставовите на Бугарија. Премиерот упати и критики кон, како што ги нарече,…

Повеќе

Полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток вчера во 19:30 часот во Делчево го лишиле од слобода А.К. (48) од Делчево, во чиј дом била пронајдена дрога и огревно дрво без документација.  Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети и ловечки патрони, додека во дворот и на мотокултиватор со приколка е пронајдено нежигосано огревно дрво. Мотокултиваторот и дрвата се одземени од Шумска полиција за понатамошна…

Повеќе

Во екот на интензивните дипломатски напори за деескалација на кризата на Блискиот Исток, од Техеран пристигна јасен сигнал за условите под кои е можен договор со Соединетите Американски Држави. Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф, јавно порача дека Иран е подготвен за преговори, но под строги услови кои ги исклучуваат посредниците или претставниците кои застапуваат интереси блиски до Израел. Условите на Техеран: Директен дијалог Според Ареф, клучот за успех на преговорите, кои во моментов се одвиваат во Исламабад со посредство на Пакистан, лежи во автентичниот пристап на американската страна. „Ако преговараме со претставници на „Америка на прво место“ (America…

Повеќе

Денеска Унгарија излегува на гласачките кутии во атмосфера на голема неизвесност и остра поларизација. Гласачите денеска за првпат по 16 години имаат шанса да направат промена на власта во државата чијшто лидер, Виктор Орбан и неговата ФИДЕЗ најдолго раководат со една земја-членка на ЕУ. Последните анкети покажуваат јасна генерациска поделба која може да биде пресудна за исходот од овие избори – додека младите масовно ја даваат поддршката за опозицискиот лидер Петер Маѓар, премиерот Виктор Орбан се обидува да ја зацврсти својата база ветувајќи нови социјални бенефиции за највозрасните. Новата сила на сцената: Петер Маѓар Петер Маѓар успеа да го раздвижи…

Повеќе

Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ги остави граѓаните да се борат со скапотијата секој ден. Ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет, oбвинуваат утрово од СДСМ. Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се најголеми – пред Велигден. Додека семејствата се борат да обезбедат основни производи, Владата најавува мерки „по празниците“, чека анализи и извештаи. СДСМ со недели предупредуваше и нудеше конкретни решенија – намалување на цените на горивата и храната, но Владата одлучи…

Повеќе

Во еден од најчувствителните дипломатски моменти на Блискиот Исток, висока американска делегација предводена од потпретседателот на САД пристигна во Пакистан. Главната цел на оваа ненајавена посета е воспоставување на директен канал за преговори со Иран, со цел да се спречи понатамошна ескалација на тензиите во регионот. Пакистан како „неутрален терен“ Изборот на Пакистан за место на средбата не е случаен. Исламабад одржува историски и геополитички врски со Техеран, што го прави идеална „безбедна зона“ за дијалог меѓу двете спротивставени страни. Американската администрација се надева дека преку овој формат ќе успее да ги омекне ставовите на иранското раководство и да ги…

Повеќе

Европската комисија (ЕК) ги објави првите сериозни резултати од примената на новиот систем за гранична контрола (EES – Entry/Exit System). Според официјалните податоци, од стартот на целосното функционирање на системот, на повеќе од 27.000 странски државјани им бил одбиен влез во Европската Унија. „Дигитална бариера“ за нерегуларните патувањаНовиот дигитализиран систем, кој ги евидентира сите влезови и излези на патници кои не се државјани на ЕУ, покажува висока ефикасност во идентификувањето на лица кои не ги исполнуваат условите за престој. Повеќето одбиени лица биле спречени да влезат во Шенген зоната поради: Надминување на дозволениот престој: Лица кои веќе го искористиле правилото…

Повеќе

По успешниот старт во главниот град, проектот „Безбеден град“ ќе се прошири и во Струмица. Оваа иницијатива, која користи современи технолошки решенија за заштита на урбаните средини, има за цел да ја подигне јавната безбедност на повисоко ниво и да го модернизира начинот на кој се следи сообраќајот и јавниот ред. Што донесува „Безбеден град“ во Струмица? Системот се потпира на напредна инфраструктура која вклучува: Фазна имплементација и јавна дебата Од локалната самоуправа во Струмица потврдуваат дека проектот ќе се реализира фазно, со цел системот прецизно да се прилагоди на специфичните потреби на градот. Дополнително, ќе се организираат информативни кампањи…

Повеќе