- Филипче му се заблагодари на Сиљановска: Првпат некој од ВМРО јавно го кажува она што СДСМ го повторува со години
- ВРЕДИ: Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија
- ВМРО-ДПМНЕ: Времето на капитулации заврши
- СДСМ: Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба
- Дневен хороскоп: Венера носи љубовен магнетизам за Лавовите, деловни контакти за Близнаците
- Дел од Скопје и околината денеска без струја, еве ги локациите
- Свеж бран ја зафаќа Македонија: Значителен пад на температурите и силен ветер, еве какво време нè очекува
- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
Author: Author 03
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс, на која, како што објави на Фејсбук, ја потврдиле заедничката определба – „стратешкото партнерство во енергетиката сега влегува во фаза на конкретна реализација“. -По потпишувањето на Меморандумот за соработка, во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, следува она што е најважно: реални чекори, конкретни проекти и инвестиции што ќе ја зајакнат енергетската безбедност на државата. Разговаравме за можностите за соработка во развојот на гасната инфраструктура, обновливите извори на енергија и стратешките енергетски проекти што ќе придонесат за поголема диверзификација,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и продолжување на интензивната соработка во клучните области од заеднички интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во областа на безбедноста, владеењето на правото и справувањето со современите безбедносни предизвици, со посебен осврт на резултатите од неодамнешната работна посета на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог што се одржа во Вашингтон. Беше констатирано дека билатералната соработка меѓу двете земји се одвива…
Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во близина на улица 121, позади Бирото за труд. Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, прекин на електричната енергија ќе има и на улицата „Вонвардарска“, во објекти лоцирани позади фабриката „Тетекс“. Покрај тоа, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе остане дел од селото Орашје, поточно на влезот во селото. Исто така, во истиот временски период од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има и во дел…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го критикуваше недостатокот на напредок на Турција во преговорите за членство во Европска Унија и го обвини Брисел за двојни стандарди и предрасуди кон Анкара. Тој ја повика ЕУ да ја гледа силата на Турција како можност и да не дозволи нејзината иднина да биде оцрнета. -Во моментот поголема е неопходноста на ЕУ од Турција отколку што Турција има потреба од ЕУ. Утре, оваа потреба ќе стане уште поголема. Европа е на раскрсница. Таа или ќе ја гледа растечката моќ и глобална тежина на Турција како можност за бегство од тесна теснина или ќе…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествуваше на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD). Во обраќањето, претседателката истакна дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја сериозноста на овој предизвик и опасноста од влијание на таканаречените „трети актери“. Таа посочи дека не смее да се потцени растечката улога на нарко структурите во економијата, политиката и општеството. Предупреди дека криминалните мрежи стекнуваат моќ да влијаат врз партиските и политичките процеси и институции. „Неопходно е Европската Унија да ја преиспита…
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, беше дел од трибината која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан Гоце Делчев, на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“. ,,Гоце Делчев е постојано непрекината инспирација за творење, за говорење. Гоце е симболот на македонскиот иделизам, Гоце е симболот и светецот на македонскиот романтизам. Личност која живеела со универзалните човекови врдности, којшто се борел за слобода, се борел за човечки правдини, се борел за одговорност, се борел за чесност. Ги вреднувал трудољубивите, човек којшто не правел разлика…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.11.2025 во Казнено поправната установа Идризово, од страна на полициски службеници извршен е претрес врз пријавениот, кој е осудено лице, при што биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.
„Кога говориме на темата за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и зборуваме за она што во иднина следи. Државите се градат со многу битки, многу борби, војни, крв и жртви. Гоце Делчев е една од жртвите во македонската историја којшто загинал за тоа што го идеализирал и размислувал. Гоце Делчев во сите свои постапки, дела, работа и писанија што ги има за него е истакнато дека работел за самостојна, за автономна, за независна Македонија, и загинал за таа идеја“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за…
Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница, што се одржува во Ереван, Ерменија, денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“. Таа оцени дека актуелните глобални конфликти и енергетски турбуленции создаваат сериозни ризици за енергетската стабилност, при што, особено ранливи се малите држави. За Сиљановска-Давкова, енергетската поврзаност не е само економско прашање, туку и безбедносен национален, регионален и европски приоритет. Таа смета дека најголемите пречки за енергетската поврзаност на Западниот Балкан немаат технички туку политички карактер. Според неа, билатералните спорови и (зло)употребата на…
Со длабока тага и болка ја примивме веста дека не напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист, објави Рома Прес. Загубивме силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор. Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница. -Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен, пишуваат од Рома Прес.
