Author: Author 03

Американската економија се соочува со нов ценовен притисок. Најновите официјални податоци покажуваат дека стапката на инфлација во САД во март забрзала на 3,3 проценти на годишно ниво, што претставува значителен скок во однос на претходните месеци. Оваа вест предизвика загриженост меѓу економистите и јавноста, особено поради влијанието што го има врз стандардот на граѓаните. Зошто растат цените? Главниот двигател на овој инфлаторен бран е наглото поскапување на енергенсите. „Скокот на инфлацијата на 3,3 отсто е јасен показател дека економијата се наоѓа во период на голема неизвесност. Глобалните конфликти и прекините во синџирите на снабдување оставаат директни последици врз паричникот на…

Повеќе

Граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки цени и празни фрижидери. Јајцата и јагнешкото месо се прескапи, трпезите пред Велигден се поскромни од кога било, а семејствата едвај врзуваат крај со крај. Наместо конкретни мерки за намалување на цените и заштита на стандардот, ВМРО ОКГ нуди – дефокус, сега со Дака, возвраќаат од СДСМ. Сите знаат дека Божиновска ја стави фирмата на Дака во бизнис план за енергетика на Владата на Мицкоски. И ВМРО ОКГ и Николовски за Дака велат дека „исполнети се сите услови“ – и тоа за човек кој е на црна листа на САД и за кој…

Повеќе

Малолетници проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција во Неготино, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Рано изутрина во 00:05 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од овој град. Кога ги забележале полициските службеници, двајцата малолетници проголтале бела грутчеста материја, што подоцна ја исфрлиле од устата и им била одземена, информираа од СВР – Велес. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, адвокат за малолетници и претставник од Центар за…

Повеќе

И покрај дипломатските напори за постигнување сеопфатен мир, конфликтот на северниот фронт не стивнува. Милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, најави продолжување на нападите врз Израел, како одговор на интензивните израелски воздушни операции изведени во Либан изминативе денови. „Нема прекин на огнот на север“ Додека светот ги следи мировните преговори меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Пакистан, ситуацијата на теренот е далеку од стабилна. Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека нивните операции против Хезболах во Либан продолжуваат со полн интензитет, нагласувајќи дека примирјето договорено со Техеран не се однесува на либанскиот фронт. Хезболах, од своја страна, соопшти дека…

Повеќе

Три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно шест пријавени случаи На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 10.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, тој подолг период вршел физичко и психичко насилство во домот и физички ги напаѓал неговата сопруга и малолетните деца. На 10.04.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово…

Повеќе

Комитетот за човекови права на Обединетите нации донесе заклучок дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на македонски активист, коосновач на невладина организација, откако домашните судови ја одбиле регистрацијата на здружението без соодветно законско образложение. Во „Ставовите“ објавени од страна на Комитетот, се разгледува поединечна претставка поднесена според Првиот факултативен протокол. Подносителот, кој е историчар по професија, тврди дека повеќе организации на етничките Македонци во Бугарија биле систематски одбивани за регистрација како резултат на политика на негирање на македонскиот етнички идентитет. Случајот „Толеранција“ Во конкретниот случај, барањето за регистрација на здружението „Комитет за заштита на човековите права –…

Повеќе

Се јавија од СДС, поточно раководството предводено од чуварот на фотелјата во партијата Венко Филипче, загрижени за граѓаните и нивниот стандардот. Еве ќе ги потсетиме кратко што се презема по случувањата на Блискиот Исток. Тоа е мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, потоа одлуки за нивелирање на акцизите за дизел горивата и бензините, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, континуирано се следи ситуацијата на енергетските пазари и се прават анализи со цел да се предвидат движењата на цените на горивата. Согласно последните пресметки откако вчера берзите затворија направена е пресметка и се очекува да се…

Повеќе

Очекуваме на следната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бенизните Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, рече денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицксоки. Како што посочи, максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, 84 денари на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари за литар, без попустите од ОКТА од 2 денара за бензините односно 3 денари за дизелот. Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, е врз основа направната анализа на движењата на цените…

Повеќе

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција. Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен Дака да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои Дака и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Комитетот за човекови права при Обединетите нации, со која се утврдува дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување, тешко дека ќе има суштинско влијание врз официјална Софија без посилен меѓународен притисок. „Јас не очекувам дека ќе има ефект врз политиката кај нашиот источен сосед, освен ако не се вклучи силна, робусна акција од Брисел“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека, според него, Македонија во изминатиот период добива сè повеќе меѓународна потврда за своите позиции, но оти тоа не значи автоматска промена на ставовите на Бугарија. Премиерот упати и критики кон, како што ги нарече,…

Повеќе