- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 03
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки. Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува…
Некои лекари препорачуваат да држите чаша вода на собна температура покрај креветот и да ја пиете веднаш по будењето за да го намалите ризикот од кардиоваскуларни проблеми наутро. Според д-р Алберто Санагустин, периодот веднаш по будењето, особено помеѓу 6 и 10 часот наутро, е поврзан со поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми. По неколку часа одмор, телото претрпува ненадејна промена што ја зголемува веројатноста за срцев удар, додека повеќето луѓе одеднаш влегуваат во својата дневна рутина во тој момент. Шпанското списание Cope известува дека причината е низа внатрешни реакции што се активираат штом ќе станеме од кревет. Затоа, Санагустин препорачува едноставна…
Утре е Велигден, а со него доаѓа и традиционалната празнична трпеза на која во многу македонски домови ќе има јагнешко месо. Но, иако јагнешкото месо е хранливо богато и извор на висококвалитетни протеини, тоа не е идеален избор за секого. За одредени групи на луѓе, тоа може да претставува ризик по здравјето, па затоа треба да го ограничат или целосно да го избегнат. 1. Луѓе со висок холестерол и срцеви заболувања Јагнешкото месо, особено масните делови, е богато со заситени масти и холестерол, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Прекумерното консумирање црвено месо е поврзано со покачен…
Многумина се прашуваат колку јајца дневно всушност можеме да јадеме без да го оптовариме стомакот, бидејќи велигденските прослави не се комплетни без полни корпи на трпезата. Иако празничната атмосфера нè занесува, нутриционистите нè потсетуваат дека умереноста е клучна за уживање во неа без никакви проблеми. Иако изгледа како занемарлив детаљ, вистинската мерка е многу важна, бидејќи лекарите постојано предупредуваат дека желудникот одлично ја памети секоја нутритивна грешка. Вистинскиот одговор веројатно ќе ве изненади, а главниот трик за избегнување на непријатна болка лежи во начинот на кој ги консумирате во текот на денот. Колку јајца дневно всушност се препорачува да се…
Шеснаесетгодишник од скопското село Морани е приведен откако, според полицијата, по расправија во селото, нападнал 18-годишен млад човек и го повредил со нож. Инцидентот се случил на 10 април 2026 година околу 20:25 часот, кога по претходна вербална расправија меѓу двајцата, ситуацијата ескалирала во физички напад. Повредениот, 18-годишниот Х.Д. од истото село, бил итно пренесен во приватна болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По нападот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот, а ножот што бил користен во инцидентот бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. Од полицијата информираат дека по целосно документирање…
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје двајца возеле без возачка дозвола, еден во Штип, еден во Кичево, двајца во Велес и четворица во Тетово, од кои двајца малолетници. Еден возач во Велес управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Под дејство на алкохол возел и еден возач во Битола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници…
Во обид да се постигне долгоочекуваниот дипломатски пробив, Соединетите Американски Држави направија голем гест на добра волја. Како што објави „Ројтерс“, повикувајќи се на високо рангиран ирански извор, Вашингтон се согласил на одмрзнување на замрзнатите ирански средства кои се чуваат во банки во Катар и други странски земји. „Знак на сериозност“ Овој потег, кој доаѓа токму во моментот кога започнаа преговорите во Исламабад, се оценува како клучен сигнал за подготвеноста на двете страни да го решат еден од најголемите конфликти во регионот. Иранскиот извор, кој побарал анонимност поради чувствителноста на преговорите, ја поздрави одлуката како доказ за „сериозност“ во настојувањето…
Иран се соочува со една од најтешките и најдолгите интернет-блокади во модерната историја. Според извештаите на меѓународниот мониторинг центар „NetBlocks“, земјата официјално надмина 1.000 часа без пристап до глобалната мрежа, што предизвика сериозна изолација на милиони граѓани од надворешниот свет. Изолација во екот на кризата Ограничувањето на интернет-сообраќајот започна кон крајот на февруари, непосредно по почетокот на ескалацијата на регионалниот конфликт. Додека државниот интранет („National Information Network“) останува функционален, овозможувајќи пристап до локални банкарски услуги, апликации за пораки и владини портали, пристапот до меѓународните сервиси и информативни медиуми е речиси целосно прекинат. „Ова не е само технички проблем, туку сериозно…
Три возила се опожарени ноќеска на подрачјето на Бит Пазар, соопшти МВР. -На 11.04.2026 во 04:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.М.(58) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило „бмв“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со скопски регистарски ознаки, наведуваат од МВР. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
