Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“

    Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“

    11.06.2026 во 14:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот клинички центар во Скопје најевтино и најдобро ќе биде да се изгради во непосредна близина на Градската општа болница „8 Септември“. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Азир Алиу на брифингот со медиумите по повод една година од преземањето на функцијата, нагласувајќи дека реформите во секторот се веќе во тек, но бараат време.

    Министерот појасни дека инвестициите во сегашниот комплекс „Мајка Тереза“ нема да запрат, бидејќи изградбата на нов објект ќе одземе неколку години.

    „Не е трошење пари за џабе“, подвлече тој.

    Како дел од внатрешните реформи за поголема контрола и реорганизација, Алиу информираше дека во дел од клиниките веќе е воведен системот за идентификација со отпечаток од прст, односно фингерпринт, а во план е и крупна дигитализација на менаџирањето со пациентите со цел да се укинат хартиените бројчиња.

    Зборувајќи за инфраструктурата и лошите хигиенски услови на дел од клиниките, тој најави итни зафати, набавка на инвентар на државно ниво и проширување на капацитетите.

    „На Онкологија е почнато со реновирање на тоалетите. На онкологија во план е да се гради плус уште еден кат“, најави министерот, меѓу другото.

    Алиу направи рамнотежа на својот едногодишен мандат, посочувајќи дека здравството е исклучително сензитивен ресор за кој е потребна јасна стратегија.

    „Периодот за една година е прекраток за да кажеме дека денеска имаме здравствен систем што е различен од вчера. Тоа што можам денеска да го кажам пред вас е дека денеска, тоа што го немавме пред една година, имаме јасна слика за здравствениот систем и јасна цел кај сакаме да стигнеме со реформите во здравството – и од инфраструктурна гледна точка и од човечки капацитети и од технологија и дигитална трансформација. Чест ми е денеска пред јавноста да кажам дека мапирањето на здравствениот систем ни ги кажа сите недостатоци во системот, но, исто така, ни даде – буст, ни даде енергија за да може да креираме и да предвидуваме проекти, со што здравството нема само да лечи, туку и ќе предвидува“, истакна Алиу.

    На крајот, министерот најави дека на 24. овој месец Македонија официјално станува дел од европските здравствени системи преку полноправно членство во фондот „EU4Health“.

    „Така, ние ние ќе бидеме полноправна членка на EU4Health, на една од најголемите или најголемиот здравствен фонд во Европа, од кој што ќе црпиме финансиски средства од Европа, ќе црпиме и технички и експертиза од нив. Потоа, имајќи предвид дека знаеме што треба да промениме во здравството, од јули, ќе почнеме да аплицираме на оваа програма и се надевам дека ова ќе ни дојде дополнителна енергија со цел да може да се забрзаат реформите во здравството“, подвлече министерот Алиу.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.