Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во скопско: Извадиле пиштол и го ограбиле

    09.07.2026 во 08:09

    Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект

    09.07.2026 во 08:04

    Николоски во работна посета на Гевгелија – Увид во два инфраструктурни проекти

    09.07.2026 во 08:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во скопско: Извадиле пиштол и го ограбиле
    • Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект
    • Николоски во работна посета на Гевгелија – Увид во два инфраструктурни проекти
    • Ќе нема струја 8 часа, исклучувања низ Скопје – На неколку улици ќе нема и вода
    • Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот – во игра 224 амандмани
    • Тошковски и генералниот секретар на Интерпол во посета на Полициската академија
    • Клучни закони пред пратениците: Во фокус виоското образование и мисијата во Либан
    • Времето ќе се менува до недела: УХМР со временска прогноза
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции

    Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции

    11.06.2026 во 13:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме.

    • Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена програма на Европската Унија. Ова е отворање на европска здравствена врата за нашите институции, здравствени установи, академската заедница, професионалните организации и пациентските здруженија. Ако првата година од мандатот беше година на поставување правец, втората ќе биде година на користење на можностите на EU4Health и активно учество во европските здравствени процеси, посочи министерот Алиу.

    EU4Health претставува програма со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра за периодот 2021–2027 година, а со пристапувањето, нашата држава добива можност да учествува во повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и европски партнерства.

    • Најголемата вредност на EU4Health не е само во парите, туку во стандардите, знаењето, европските мрежи и можноста нашето здравство да учествува во заедничките европски здравствени процеси. Оваа програма отвора можности за проекти во дигитално здравство, European Health Data Space, превенција, скрининг, ментално здравје, подготвеност за кризи, пристап до лекови, медицински производи и јакнење на здравствениот кадар. По пристапувањето, нашата задача е да изградиме оперативен капацитет и да подготвиме конкретни проектни апликации, додаде Алиу.

    Тој појасни дека пандемијата покажа дека ниту една држава не може сама да се справува со сите здравствени ризици, и токму затоа EU4Health е важен чекор кон здравствена безбедност што не зависи само од домашните капацитети, туку и од европската солидарност, координација и заеднички ресурси.

    Прочитај повеќе

    Драма во скопско: Извадиле пиштол и го ограбиле

    09.07.2026 во 08:09

    Битола домаќин на Мицкоски – Посета на компанија и училишен објект

    09.07.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.