- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 03
Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Велиден, упати честитка до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештенството и до правосланите верници. -Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како заменик-претседател на Владата, Вам, на свештенството и на верниот народ на нашата древна Македонска православна црква Ви упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден. Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација за сите нас да истраеме…
Папата Лав во саботата упати силен апел до светските лидери да го прекинат она што го нарече „лудило на војната“, во време кога високи американски и ирански претставници се состануваат во Пакистан за преговори за завршување на шестнеделен конфликт, јавува Ројтерс. На посебно молитвено бдение во базиликата „Свети Петар“, првиот папа Американец остро го осуди користењето на религиозна реторика за оправдување на војната, истакнувајќи дека „заблудата за семоќ која нè опкружува станува сè понепредвидлива“. Тој директно им се обрати на светските лидери со порака: „Престанете! Време е за мир! Седнете на маса на дијалог и посредување, а не на маса…
Европа повторно е во центарот на глобалните вселенски истражувања. По неодамнешното успешно враќање на екипажот од мисијата „Артемис 2“ (Artemis II), стана јасно дека без европската технологија, првото патување до Месечината по 1972 година би било речиси невозможно. Европски „срцето“ на мисијата Директорот за човечко и роботско истражување во Европската вселенска агенција (ЕСА), Даниел Нојеншвандер, ја потврди значајната улога на агенцијата во овој историски потфат. „Се враќаме во игра“, изјави кратко и јасно Нојеншвандер, нагласувајќи дека придонесот на Европа не е само симболичен, туку суштински. Клучниот елемент што го овозможи летот е Европскиот сервисен модул (ЕСМ). Тој е „моторот“ на…
Христос Воскресе! Честит и благословен Велигден! Утрово, на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствував на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје, каде што во молитва и духовна радост се собраа голем број верници. Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да бидат поблиску до Бога, исполнети со надеж, љубов и мир. Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот. Ден кога човештвото ја добива…
Во текот на вчерашниот ден во СВР – Велес, С.М., на возраст од 31 година од Кавадарци, пријавила дека во дворот од домот, нејзиниот девер И.М. физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат денеска. Како што соопшти собраниската прес-служба, мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Унгарија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на ПС на…
Вчера во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишија од слобода 22-годишник со привремен престој во Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 22-годишна невенчана сопруга, при што употребил и дрвен предмет, појаснија од СВР – Велес. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Честит Велигден,Ви посакува тимот на Пресс24.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова птисуствуваше на вечерната литургија во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид. -Озарена од светлината на свеќите, со молитвено смирение го дочекав Христовото воскресение, истакна Претседателката Силјановска Давкова. Таа истакна дека во миговите кога се објавува победата на животот над смртта, црвените велигденски јајца ја носат пораката на обновата и новиот живот, вдахнувајќи вера и сила во секое човечко срце. Нека празничната радост нè обедини и нека нè поттикне на меѓусебна почит и разбирање, давајќи ни сила да чекориме напред.
Една традиција што продолжува… речиси секоја година. И овој православен Велигден сум на дежурство. Така било отсекогаш, за моите колеги кои го слават празникот да можат да бидат дома, околу трпезата, со своите семејства, таму каде што припаѓа овој ден. Оваа прилика ја користам да им го честитам Велигден на сите што го одбележуваат. Нека ви донесе здравје, мир и радост во домот, пишува на социјалните мрежи Бујар Османи.
