Author: Author 03

Лидерите на 14 земји-членки на НАТО од источниот и северниот дел на Европа предупредија дека повторените нарушувања на воздушниот простор од страна на Русија ја нагласуваат итната потреба од зајакнување на воздушната и ракетната одбрана на Алијансата против ракети и беспилотни летала. Во заедничката изјава, усвоена по состанокот во Букурешт, лидерите ги осудија, како што наведоа, „конфронтирачките активности“ на Русија, вклучително саботажи, кибернапади и други хибридни закани насочени кон сојузниците и партнерите на НАТО. „Повторените нарушувања на воздушниот простор на источниот фронт ја истакнуваат потребата од дополнително зајакнување на воздушната и ракетната одбрана, особено против заканите од беспилотни летала“, се…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина, Пекинг. За утре наутро по локално време е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која ќе се разговара за трговијата, за билатералните односи и за безбедносните прашања. Трамп на аеродромот беше пречекан со воени почести и воен оркестар и од кинеска делегација предводена од потпретседателот Хан Женг. На пистата беа и 300 млади Кинези облечени во сино-бели униформи и вееја кинески знамиња. Американскиот претседател во Пекинг е придружуван од државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и трговскиот претставник Џејмисон Грир. Американскиот министер за финансии…

Повеќе

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле.Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк.Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска…

Повеќе

На 12.05.2026 во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. -Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување, информира МВР. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.

Повеќе

Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот е закотвен во францускиот град Бордо, откако на бродот беше регистриран бран на гастроинтестинални заболувања. Локалните здравствени власти и префектурата донесоа одлука со која на сите лица на бродот им се забранува симнување на копно. Лекарска интервенција и истрага Според информациите од капетанот на бродот, околу 50 патници покажале симптоми на болеста. Истовремено, локалниот весник „Суд уест“ и други француски медиуми пренесоа дека починал британски патник на возраст над 90 години. Екипа од лекари се качи на бродот „Амбишн“ за да ја процени здравствената состојба на патниците и да земе примероци…

Повеќе

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, информираат од скопската зоолошка. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија. Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за…

Повеќе

Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на Владата на РСМ, но во разговорот во ниту еден момент не стана збор за детали од конкретен предмет, вклучително и за предметот за кој покажувате интерес. На прашање на Претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите – дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката дозна по нејзиното донесување, информираат од Јавното обвинитеслтво.Додаваат дека предметниот јавен обвинител…

Повеќе

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница, пишува минситерот за правда Игор Филков. Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана. Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука.  Истовремено и пред да излезе Советот на јавни обвинители со одговор дека будно ја следат…

Повеќе

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. „Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со  важечките законски и финансиски прописи. Министерството за култура и туризам останува посветено на навремено и континуирано исполнување на обврските кон самостојните уметници, како и на унапредување на системските решенија за надминување на вакви ситуации во иднина“, информираат од Министерство за култура и туризам

Повеќе

Им се обраќаме на СДС токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања. Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите конечно се придвижија. Пред речиси две години започна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел студентите да добијат достоинствени услови за живот и студирање, изјави Илија…

Повеќе