Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Некои хороскопски знаци ги очекуваат пресврти: Проверете што ви носи хороскопот денеска
    • По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Ковачки: Определени сме за европскиот пат – два месеци имаме интензивна дипломатска активност

    (ВИДЕО) Ковачки: Определени сме за европскиот пат – два месеци имаме интензивна дипломатска активност

    17.06.2026 во 20:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува денес во Струмица под мотото ,,Македонија забрзува, наша обврска“, во изјава за Сител телевизија,  посочи дека ВМРО-ДПМНЕ  е мостот помеѓу историското ВМРО и современите македонски институции. Тој кажа дека европската интеграција останува приоритет, но мора да се брани македонската вистина. Ковачки истакна дека ќе се пристапи кон рационално решение, а и дека во последниот период има засилена дипломатска активност, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално.

    ,,ВМРО-ДПМНЕ претставува мост помеѓу историското ВМРО и модерната македонска држава. ВМРО-ДПМНЕ претставува спој на историските идеали на македонските револуционери и илинденци и современите македонски институции“, вели Ковачки.

    Според него, 36 години постоење на ВМРО-ДПМНЕ не треба да се гледа само низ партиско-историска призма, туку како што вели, ВМРО е најзначаен фактор за македонскиот државотворен континуитет. Тој вели дека денес, на посебен начин ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на граѓаните на Струмица, затоа што Струмица на последните локални избори беше вратена во рацете на граѓаните. Ковачки истакна и дека евроинтегративниот процес останува приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, а посочи и дека во изминатите месеци има засилена дипломатска активност, со оглед на тоа што, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше средби со европски претставници, а и преку ЕПП се презентираат ставовите и се брани македонската вистина.

    ,,Ние  Македонците имаме историска вертикала. Не сме дрво без корен. ВМРО-ДПМНЕ во самите основачки документи, е евроатлантски интегрирана. Ние мора да менаџираме, потребна е мудрост, потребно е достоинство, како ќе се менаџираат состојбите, во делот со евроинтеграциите. Дефинитвно сме определени за евроинтегративниот пат и изминатите два месеци повеќе можете да видете засилена дипломатска активност“, рече тој и додаде:

    ,,Ги презентираме нашите ставови и ја браниме македонската вистина. Наидуваме на разбирање кај нашите европријатели. Јас верувам дека многу брзо од денес,  ќе се пристапи кон едно рационално решение од страна на Бугарија. Очекувам дека на овој спор треба да се пријде со една добра волја, со бон афиде пристап, за да може Македонија да напредува кон евоинтегративниот пат“.

    Ковачки посочи и дека постојат некои структури кои не и сакаат добро на државата и на македонските граѓани, но како што вели тој, граѓаните тоа го препознаваат и не подлегнуваат на манипулациите.

    ,,Македонските граѓани го препознаваат, не подлегнуваат на овиее манипулации што ги прават. Она што треба да се направи  е да имаме малку почит,малку достонстена почит кон нас Македонците. Ние постоиме на ова подрачје со векови“, кажа Ковачки.

    Тој се осврна и на темата за економијата за што кажа дека доволно е само да се според и аргументираат бројките, за што наведе и дека 7 квартали поред Македонија бележи раст од 3%, додека за време на претходната власт Македонија растеше само со 1,1%.

    ,,Колку повеќе вложува Македонија во инфраструктурата, тие дупло повеќе се враќаат во растот на економијата. Тука би ги споменал 6-те автопатски делнци, на кои што во моментов се работи. До крајот на годината, ќе пуштиме уште една делница од автопатската делница Кичево-Охрид. Во фаза на проектирање се експресниот пат Кочани-Делчево преку Виница, експресниот пат до Страцин. Денес се пушташе реконструираната болница во Струмица, сето тоа се работи, затоа што Македонија има економски напредок“, потенцираше тој.

    Ковачки заклучи: ,,Мора да се работи многу повеќе, меѓутоа почнавме од нула. Затоа и мотото на 36 роденден ни е ,,Македонија забрзува“. За многу брзо граѓаните ќе можат да ги почувствуваат тие резултати“.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.