- УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
- Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
- Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
- Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
- Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
- (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
- Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
- Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
Author: Author 03
Тројца полицајци од Кочани беа прогласени за виновни во случајот „Пулс“. На Кире Богатинов и на Горан Лазаров, Судот им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков условна казна од две години. Тоа значи дека обвинетите нема да одат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во период од четири години. Од здружението „16 март“ реагираа во врска со пресудата. Според нив ова е минимизирање на одговорностаи јасен сигнал дека системот се штити сам себе наместо како што велат да се соочи со сопствените пропусти. За нив ова не е правда…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од с.Одри, тетовско, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“. На 22.05.2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во с.Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата, а во с. Пршовце и во с.Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.
Град Скопје бара oд надлежните да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за мелење на железо и се предизвика пожар видлив од секој дел на метрополата. Градоначалникот Ѓорѓиевски за Сител вели дека тоа ќе биде порака и за сите останати фирми да го почитуваат законот. „Наше мислење и на службите беше да се пломбира и да се затвори тој објект и мислам дека тоа ќе биде за во перспектива добра порака да внимаваат и сите останати. Зошто? Ако таму имаше добра хидрантска мрежа, ако таму се работело по план, ако внимавале повеќе ете никој не сакал…
Цените на нафтата денеска се намалија откако САД почнаа акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Но, падот на цените е ограничен и нафтата се тргува за повеќе од 110 долари за барел. На Лондонската берза нафтата Брент попладне се продаваше за 112,61 долари за барел или за 1,6 отсто помалку од вчерашната цена на затворање на берзите. Вчерашниот ден заврши со раст на цената на нафтата за 5,8 проценти. На берзите во САД цената на американската лесна нафта се намали за 2,5 долари и се тргуваше за 103,92 долари. Намалувањето во однос на вчера е 2,35 проценти, откако вчерашниот…
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја нагласи важноста на одржливото управување со водните ресурси, во контекст на актуелната геополитичка состојба и сè поизразената климатска криза. Хоџа информираше дека Северна Македонија активно ги следи европските стандарди во управувањето со водите, вклучително и имплементацијата на Рамковната директива за води на Европската Унија. Министерот ја нагласи неопходноста од регионална соработка, посочувајќи дека ниту една држава не може самостојно да одговори на овие предизвици. „Потребни ни се заеднички…
Двогрбите камили во скопската Зоолошка градина по трет пат станаа мама и тато. -Вчера во ЗОО Скопје се роди ова мало преслатко камилче на мама Мираи и тато Карло и е трето дете во фамилијата после неговите брат и сестра Буби и Ками, велат од ЗОО Скопје. Мираи и малото бебе ноќта ја поминаа изолирани од другите членови на семејството со цел да бидат под надзор, а веќе денеска камилчето ужива со својата мајка во убавиот сончев ден.
Манипулативната личност ве поттикнува да се сомневате во себе и да мислите дека нешто не можете да направите. Може да ве доведе дури до степен да направи да верувате во тоа. Ако некоја личност манипулира со вас, тоа значи дека таа ве контролира и ви ја одзема можноста да мислите самите со своја глава. Манипулаторите има посебни тактики со кои го постигнуваат ова. Кои се нивните трикови? Тактики со кои некоја личност се обидува да манипулира со вас: 1.Се обидува да направи да се чувствувате виновно и секогаш глуми дека е жртва. 2.Ќе ве потсети кога ви помогнала за потоа…
На ден 05.05,2026 поради изведување на водоводен приклучок од ф -150 на ул. „Методија Митевски“ бб кај училиштето, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците дел од ул. „Лазар Трповски“ и дел од Топанско Поле. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија во вторник (5 мај) ќе ужива во стабилно и претежно сончево време, соопштија синоптичарите. Иако денот нуди идеални услови за активности на отворено, метеоролошките мапи најавуваат дестабилизација на атмосферата веќе од средината на работната недела. Прогноза за вторник Денешниот ден ќе биде сончев со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе придонесе за пријатно чувство на свежина. Најава за невреме: Дожд, грмежи и промена на ветерот Мирното време нема да трае долго. Според Управата за хидрометеоролошки работи, веќе од среда попладне облачноста ќе се зголеми, носејќи локална нестабилност со повремени врнежи од…
Родените во мај се меѓу најсреќните и најздравите луѓе. Според студијата на британскиот психолог Ричард Вајсман и неговиот тим, родените во мај имаат поголем оптимизам и попозитивен поглед на светот од другите, а тоа, како што се оценува, се должи на ефектот на дневната светлина врз допаминот, хормонот на среќата кој го контролира центарот за задоволство. Мајските бебиња се поиздржливи и поотпорни на многу болести од оние кои се родени во есен или зима, токму благодарение на комбинацијата на умерени пролетни температури и сончева светлина. Тие имаат помал ризик од болести на респираторниот систем, алергии, астма и егзема бидејќи се…
