Author: Author 03

Лесната пешадиска баталјонска група на чекор до целосна интеграција во структурите на НАТО. Доколку месецов вежбата Блесок 26, добие зелено светло од оценувачите на Алијансата, единицата ќе биде на целосно располагање на командантот на НАТО, подготвена да одговори на предизвиците кои ги носат гео-политичките тензии, од Блискиот Исток до руско-украинскиот конфликт. Според надлежните засега најава за ангажирање на единицата нема, но сепак нашите сили веќе активно придонесуваат во мисиите за одвраќање и колективна одбрана. „Се на располагање. Дали има најави за нивно користење, во моментов не. Меѓутоа ние и сега учествуваме со свои сили, кога станува збор за одвраќање, односно…

Повеќе

Камион со велешки регистарски таблички попладнево се запали на Плетвар, на делницата од Прилеп кон Скопје. Сообраќајот се одвиваше отежнато, поради што се формираа колони возила. Засега не се познати причините за опожарувањето на товарното возило, ниту дали има повредени лица. Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот на полициските екипи.

Повеќе

Високи делегации од Израел и Либан пристигнаа во Вашингтон, каде под посредство на американската администрација започнаа клучни преговори насочени кон стабилизирање на состојбата во регионот. Средбата се одржува во услови на високи тензии и зголемена потреба од дипломатско решение за избегнување на понатамошна ескалација на конфликтот. Целта на овие разговори е да се воспостави одржлив модел на соработка и да се дефинираат рамки кои ќе придонесат за безбедноста на границите, како и за решавање на отворените прашања меѓу двете држави. Американските посредници ја потенцираат важноста на конструктивниот дијалог во овој исклучително чувствителен момент. Во текот на првиот ден од преговорите,…

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, по повод свеченото одбележување на 34 години од основањето на Царинската управа денеска прими Плакета со повелба што му ја врачи директорот Бобан Николовски во знак на долгорочната соработка меѓу двете институции. Блиската соработка при истражување и кривично гонење на организираниот криминал и нелегалните царински активности е одразена и преку континуиран раст на бројот на кривични пријави од Царинската управа по кои обвинителствата активно постапуваат. Освен на Јавното обвинителство, Царинската управа додели плакети за благодарност и на амбасадите на САД, ЕУ, Велика Британија и ОБСЕ, како и на Јавното претпријатие за…

Повеќе

Новинарот и активист Рамуш Муарам – Цирко се наоѓа во тешка здравствена состојба, информираат медиумите. Негови блиски пријатели и колеги на социјалните мрежи споделуваат фотографии со него, испраќајќи пораки на поддршка и надеж за негово закрепнување. „Со голема тага ве известуваме дека нашиот брат и многу почитуван Рамуш Муарам – Цирко се наоѓа во тешка здравствена состојба и моментално е во кома, борејќи се за својот живот. Ве молиме сите, секој на свој начин да упатиме молитви кон Господ/Алах за негово побрзо оздравување“, информираа од Рома Прес.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA на која била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на земјава. Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. -Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка, се вели во соопштението од МНРиНТ. Воедно, размениле мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што…

Повеќе

На 14.04.2026 во 01:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Е.З. (44) и И.З. (33) од село Гошинце, липковско. -Тие се сомничат дека во село Думановце, општина Липково, со остар предмет го нападнале Ш.Р. од Куманово, при што му нанеле повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Повеќе

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, информира МВР. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., констатирани во Ургентниот центар во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Повеќе

Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево утре ќе престојува во дводневна посета на земјава, на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите. -Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија,…

Повеќе

Напнатоста во Ормускиот теснец достигна кулминација, а американската војска излезе со официјална потврда за состојбата на терен. Според последните извештаи, американските поморски сили успешно ја одржуваат блокадата на овој стратешки важен премин, спречувајќи какво било неовластено движење на бродови. Воените претставници истакнаа дека сите обиди за пробивање на воспоставениот безбедносен коридор биле навреме детектирани и неутрализирани. Според нивните тврдења, контролата над теснецот е целосна, што е од клучно значење за одржување на безбедноста на глобалните енергетски патишта. Во соопштението испратено до медиумите, портпарол на американските сили јасно ја потврди дисциплината на терен: „Нашите сили во Ормускиот теснец работат со полн…

Повеќе