- Со нож им се заканувал на мајка си и братот – гостиварчанец кривично ќе одговара
- Камион проби заштитна ограда во Германија и истури стотици литри нафта на автопат – штета од над 100.000 евра
- Невреме со град ја зафати Македонија, облачни маси се движат кон Скопје и Тетово
- Герасимовски: По „Киро Глигоров“, фотоволтаици и во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, пониски сметки за струја и поодржлив Центар
- Скопјанец се заканувал на полицаец по телефон – уапсен на Бит Пазар
- Филипче од Босилово: Владата манипулира со субвенциите, парите ги префрлаат од други програми
- Кумановец пронајден во бессознание под дејство на дрога во сопствениот дуќан, заработи кривична
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар добива нов лик, поставена е нова урбана опрема
Author: Author 03
Девојче спасило свој врсник од самоубиство. Откако забележала дека нејзин другар има план за самоубиство, се јавила на „Ало Бушавко“. Преку целосен интервенциски план на Меѓаши и стручните служби, со навремена интервенција на полицијата бил спасен млад живот. Ова е само еден од 19-те случаи минатата година, во кои деца и млади се јавиле на на беплатната линија со самоубиствени мисли, или забележале дека некој има намера да си го одземе животот. „Многу е загрижувачки што имавме 19 случаи за самоубиство, односно 19 деца кои или имале мисли или сакајќи, или пробувајќи да си го одземат својот живот кој е навистина…
Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија. Собранието донесе Одлука за испраќање припадник на Армија на Република Северна Македонија во меѓународната…
Некои мажи се „мамини синови“ и на 50 години, а токму тоа е една од причините за неуспехот на бројни љубовни врски. Дознајте дали сте во врска со зрел маж или мамин син следејќи ги овие знаци. Жените често се жалат дека мажите не се однесуваат во склад со возраста и статусот во животот, а најмногу ги обвинуваат своите мајки кои ги навикнале да прават сè за нив. Понекогаш токму тоа е причината за неуспехот на бројни љубовни врски – од очекувањето на мажот дека неговата девојка или сопруга само ќе ја пополнат улогата на мајка му, до жалбите на…
Секое куче може да стане лојален придружник и да се поврзе со целото домаќинство, но некои раси се познати по нивната силна емоционална приврзаност кон жените. Кучињата се поврзуваат со луѓето врз основа на личноста, социјализацијата, рутината и раните животни искуства. Бихејвиористите за животни велат дека некои кучиња се чувствуваат поудобно со жените поради разликите во тонот на гласот, говорот на телото и стилот на секојдневна интеракција. Во многу домаќинства, жените се посклони да бидат задолжени за секојдневната грижа како што се хранење, одење и дресура, што природно ја зајакнува врската со текот на времето. Расите кои се почувствителни на…
Климатолозите упатија сериозно предупредување дека глобалните температури достигнуваат нови алармантни нивоа, првенствено поради засиленото влијание на климатскиот феномен „Ел Нињо“. Според најновите анализи, овој процес значително ја менува климатската рамнотежа, најавувајќи период на екстремни горештини кои ќе ги почувствуваат речиси сите делови од светот. Зошто „Ел Нињо“ е закана? „Ел Нињо“ претставува природна варијација на климата која се карактеризира со необично загревање на површинските води во Тихиот Океан. Кога овој феномен ќе достигне врв, тој не само што го менува движењето на воздушните струи, туку и ја зголемува просечната температура на целата планета. Научниците истакнуваат дека комбинацијата од долгорочните климатски…
Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во Оружените сили на БиХ, со кои старосната граница за професионална воена служба се зголемува на 49 години. Предлог-законот беше поднесен од пратеникот Џемал Смајиќ од Партијата за БиХ. Со овие измени се зголемува старосната граница за служба во Оружените сили на БиХ со цел да се надмине недостигот на кадар и да се зајакне кадровската стабилност на вооружените сили. Главната цел е модернизација на правилата за служба и нивно усогласување со стандардите на НАТО. Во текот на расправата, пратеничката Марина…
И покрај тензиите во регионот, поморскиот сообраќај низ стратешки важниот Ормуски теснец продолжува со вообичаен интензитет. Иранските власти соопштија дека во текот на изминатата ноќ низ теснецот безбедно поминале околу 30 бродови, вклучувајќи и танкери за нафта, што ја потврдува важноста на оваа рута за глобалното снабдување со енергенси. Ормуз – „срцето“ на глобалната енергетика Ормускиот теснец претставува една од најкритичните точки во светската економија. Преку овој тесен премин се транспортира значителен процент од светската нафта, што го прави клучен фактор за одржување на стабилноста на цените на енергенсите на глобалниот пазар. Секоја нестабилност во овој регион веднаш се рефлектира…
Најмалку 22 лица го загубија животот во серијата израелски воздушни напади изведени врз цели во Либан, соопштија локалните власти и безбедносните служби. Нападите доаѓаат како дел од интензивирањето на воените операции во пограничните зони и пошироко, што предизвикува страв од дополнителна дестабилизација на регионот. Деструктивни напади и хуманитарна загриженост Воздушните удари, за кои Израел тврди дека се насочени кон инфраструктура на „Хезболах“, предизвикаа големи разурнувања во станбени области. Покрај жртвите, пријавени се и десетици повредени лица, а спасувачките екипи вложуваат максимални напори за извлекување на преживеаните од урнатините. Хуманитарната ситуација во погодените подрачја станува критична, со оглед на тоа што…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, по официјалниот состанок меѓу претседателите Доналд Трамп и Шји Џинпинг во Пекинг, потврди дека позицијата на Вашингтон во однос на Тајван останува непроменета. Во изјава за „Ен-би-си њуз“, Рубио појасни дека ова чувствително прашање било дел од разговорите, но дека американската страна останала доследна на својот став пред да се премине на други теми. „Кина би направила ужасна грешка“ Рубио, кој е дел од американската делегација во Кина, упати јасна порака до Пекинг во врска со аспирациите за преземање на Тајван. Тој предупреди дека секој обид за присилно преземање на островот би претставувал „ужасна грешка“…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство при вршење семејно насилство, односно квалификувано според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Утрово, осомничениот ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка со која имал четири заеднички малолетни деца. Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и и нанел десетина убоди со нож во телото, од кои таа веднаш починала. Јавниот обвинител до судијата на претходна…
