Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа
    • Петкова: Обезбедуваме поголемо домашно производство на струја и пониски трошоци за граѓаните
    • Жерновски тврди дека е во тек операција за преземање на медиумите во Македонија
    • Лефков: СДС продолжува со лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ одговара со резултати
    • Муцунски го најави Амбасадорскиот совет: Македонската дипломатија се собира во Скопје по шест години
    • УХМР со детали какво време нè очекува до крајот на неделата: Сончево, попладневни врнежи и тропски викенд
    • Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот
    • Таткото во паника брзо влегол во ординацијата – тригодишно дете исчезна во Ханиоти на Халкидики
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар добива нов лик, поставена е нова урбана опрема

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар добива нов лик, поставена е нова урбана опрема

    17.06.2026 во 15:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Просторот долж кејот на реката Вардар, кој важи за едно од најпосетуваните места во Скопје за пешачење, спорт и рекреација, се уредува со поставување на нова урбана опрема, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Во рамки на активностите на терен, поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел просторот да стане пофункционален и почист за сите граѓани кои секојдневно престојуваат таму, истакна Ѓорѓиевски.

    „Едно од најубавите и најпосетувани места во Скопје, просторот каде илјадници скопјани секојдневно пешачат, спортуваат, се рекреираат и поминуваат време со своите семејства, го уредуваме со нова урбана опрема. Поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со што кејот станува попријатен, почист и пофункционален за сите граѓани. Ова беше барање на голем број жители кои секој ден го користат овој простор, а наша обврска е да одговориме со дела“, посочи Ѓорѓиевски во објавата.

    Паралелно со поставувањето на новата урбана опрема, на терен продолжува и редовното одржување на пешачките зони, како и акцијата за темелно чистење на речното корито на Вардар на територијата на Град Скопје.

    „Истовремено, продолжува редовното одржување на кејот, како и акцијата за чистење на коритото на реката Вардар на територија на Град Скопје. Чекор по чекор, го уредуваме градот онака како што заслужуваат скопјани. Скопје се сака со дела. Скопјани заслужуваат!“, стои во објавата од Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција

    18.08.2026 во 10:40

    Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување

    18.08.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.